Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје се збратими со Тирана

0
By Нова ТВ on September 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Градот Тирана, Ерион Велиај, денеска во Тирана потпишаа спогодба за соработка меѓу градовите Скопје и Тирана, со што двата града официјално се збратимија.

„Имајќи го предвид традиционалното пријателство и соработка на Македонија и Албанија, како и досегашната соработка на Скопје и Тирана, а со желба да се развиваат и збогатат постојните врски и соработката меѓу двата града, градоначалниците на Град Скопје и на Град Тирана ја потпишаа оваа Спогодба и го потенцираа значењето на соработката на културните, научните и образовните институции; градовите ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот и во сите други области коишто се од значење и во интерес на двата града; ќе разменуваат искуства и примери на добри практики поврзани со европската интеграција, ќе разменуваат информации за проекти и ќе соработуваат во реализацијата на проектите од заеднички интерес“,  соопштија од Градот Скопје.

„Ми претставува особена чест што денеска го потпишавме овој договор за соработка, односно договор за збратимување, како еден од највисоките документи за соработка меѓу два града. Ова збратимување има големо значење за Скопје зашто ние доаѓаме од две соседни земји кои негуваат одлична соработка. Нашата соработка за нас ќе значи и побрзо приближување до Европската унија, како и размена на искуства во повеќе области – работата на администрацијата, урбанизмот, културата, образованието, социјалната заштита, локалниот економски развој, комуналните работи, работењето на јавните градски претпријатија и друго. Јас за првпат престојувам во Тирана и сум пријатно изненаден од развојот на градот. Тирана е големо градилиште, а тоа јасно зборува за работата на градоначалникот и на администрацијата. Сакам да истакнам дека е многу важна и нашата соработка за искористување на европските фондови за прекугранична соработка и пожелувам нашите два града да бидат пример во регионот за соработка“, рече градоначалникот Коце Трајановски, на денешната средба во Тирана.

Градоначалникот на Град Тирана, Велиај, истакна дека со задоволство очекува размена на искуства за работењето на Град Скопје, за успешното функционирање на јавните претпријатија, за сообраќајните решенија и за менаџирањето со кризните ситуации.

„Очекувам по неколку недели да ја возвратиме посетата на Скопје, како прв чекор во нашата соработка. Заинтересирани сме да подготвиме календар за соработка во многу сфери од нашето делување – урбанизмот, културата, размената на ученици и студенти, за организирање културни манифестации… Ми претставува големо задоволство што граѓаните на Скопје и на Тирана веќе ја предводат оваа соработка, патуваат и негуваат пријателски односи. Се надевам на плодна соработка меѓу нашите два града“, нагласи по средбата, градоначалникот Велиај.

„Соработката на Градот Скопје и Градот Тирана датира од 1996 година. Оттогаш се реализирани неколку возвратни посети, а особено е интензивна соработката на полето на културата, уметноста, образованието и спортот“, велат од Град Скопје.

Градот Скопје е збратимен со вкупно 19 градови, а има воспоставено пријателски односи и соработува со над 50 градови од светот. Почнувајќи од 1961 година, па досега, Скопје е збратимен со градовите:

• Брадфорд (1961г.), од Велика Британија;
• Дижон (1961г.), Република Франција;
• Дрезден (1967г.), Сојузна Република Германија;
• Темпи (1971г.), Аризона, САД;
• Рубе (1973г.), Република Франција;
• Варем (1974г.), Белгија;
• Нирнберг (1982г.), Сојузна Република Германија;
• Еч Шериф (1985г.), Алжир;
• Нан Чанг (1985г.), Народна Република Кина;
• Маниса (1985г.), Република Турција;
• Суец (1985г.), Египет;
• Питсбург (2003г.), Пенсилванија, САД;
• Истанбул (2003г.), Република Турција;
• Љубљана (2007г.), Република Словенија;
• Подгорица (2008г.), Црна Гора;
• Сарагоса (2008г.), Кралство Шпанија;
• Загреб (2011г.), Република Хрватска;
• Белград (2012г.), Република Србија;
• Тирана (2016г.), Република Албанија.

Соработката со голем број градови од странство пред се се должи на фактот што по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, Скопје стана град на меѓународната солидарност, па најголемиот број збратимувања и потпишани протоколи за соработка датираат по 1963 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.