Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната недела нови обвиненија, „Таргет“ меѓу нив

2
By Нова ТВ on June 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Случајот „Таргет“ во чиј што рамки се истражуваше кој го нарача масовното присушување на граѓани од тајната полиција, во неделата што следи ќе доживее обвиние. Специјалното обвинителство ќе покрене обвиниенија и за други случаи во деновите што следат, но извори за НОВАТВ  во обвинителството говорат дека меѓу нив сигурно ќе биде „Таргет“, а помеѓу обвинителите можно е да се најдат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот братучед и бизнисмен Сашо Мијалков.

Во времето додека се одвиваше прислушувањето на повеќе од 20,000 граѓани во рамки на неколку години во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Мијалков беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, додека Груевски беше премиер. Специјалното јавно обвинителство утврди дека Груевски не бил таргет, а го има единствено во разговорите со другите луѓе кои биле следени.

Кои луѓе биле таргет на политичкиот врв

Бинзисмени, новинари, политичари, неистомисленици, директори на јавни претпријатија, лекари, уметници, но и сомнежи за следење амбасадори, па дури и љубовници и сопруги, ова се само мал дел профилите на луѓето кои што беа прислушуни од власта. Обвинителката Ленче Ристовска кон крајот на ноември соопшти со сигурност биле следени министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Екс-министерката Гордана Јанкуловска била прислушувана 732 дена незаконски, а екс-министерот Миле Јанакиески, кој поседувал неколку броеви, бил следен 732 дена на едниот, 553 на вториот, додека 816 дена на третиот број.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил следен најмалку 338 денови на едниот број и 867 денови на другиот свој број. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и на едниот и на другиот телефонски број бил следен 1257 денови.

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, на едниот бил следен 320 дена, а на другиот број 92 дена. Муса Џафери од ДУИ бил следен 1658 денови и слично.

Новинарот Борјан Јовановски бил следен и на двата свои телефонски броеви кои ги користел. Од 31.02.2010 до 10.01.2013 година е следен на едниот број додека од 25.12.2012 до 10.03.2015 е следен на другиот број кој го користел.

Новинарката Сашка Цветковска била следена од 10 фебруари 2014 до 15 март 2015 година, вкупно 183 дена во тој период.

Комуникациите на новинарката Мери Јордановска биле следени од февруари 2014 до март 2015 година, додека телефонот на Горан Михајловски, уредник на сајтот „Сакам да кажам“ бил следен од 01.02.2013 до 10.03.2015 година.

Следени биле уште десетици други новинари, а повеќето од нив веќе поднеле тужби преку адвокатот Филип Медарски.

СЈО во октомври објави дека постои основано сомнение за 10 лица вработени во УБК кои преку злоупотреба на системите за следење на комуникациите незаконски прислушувале и ги повредиле основните човекови права и слободи на граѓаните.

Ова обвинение на Суд ќе изведе највисоки функционери од  поранешната влада кои што  го нарачувале и изведувале и изведувале незаконското прислушување кое се одвивало во периодот од 2008-ма до 2015-та година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.