Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

0
By Zoran Ivanov on March 7, 2026 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 7, 2026 09:04

Берлин: Германската медиумска групација „Аксел Спрингер“ се согласи да го купи британскиот весник „Дејли телеграф“ за 575 милиони фунти (664 милиони евра), објавија компаниите.

Со ова завршува долготрајната сага околу сопственоста на „Телеграф Медиа Груп“, која го издава 171-годишниот  конзервативен „Дејли телеграф“, неговото неделно издание и управува со онлајн порталот „Телеграф“.

Германската компанија веќе поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги весниците „Билд“ и „Велт“ и порталите „Бизнис инсајдер“ и „Политико“. Претходно се обиде да влезе на британскиот пазар, но без успех, со понуди за купување на „Телеграф“ во 2004 година и на „Фајненшл тајмс“ во 2015 година, објави „Асошиејтед прес“.

„Пред повеќе од 20 години се обидовме да го купиме „Дејли Телеграф“ и не успеавме. Сега нашиот сон се оствари“, рече извршниот директор на „Аксел Спрингер“, Матијас Допфнер.

Договорот доаѓа по години неизвесност околу иднината на публикациите на „Телеграф“ и го завршува обидот за преземање од страна на сопственикот на „Дејли меил“, конкурентски десничарски весник.

„Телеграф медиа груп“, претходно во сопственост на британското семејство Баркли, е ставен на продажба во 2023 година за да ги отплати семејните долгови. Една понуда даде „РедБирд ИМИ“, конзорциум поддржан од „РедБирд Капитал Партнерс“ и шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, член на кралското семејство од Абу Даби и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати.

Конзорциумот се повлече во 2024 година по силното противење од британската влада, која започна законски измени за да спречи странско сопствеништво на британските медиуми.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.