Published: Sunday, January 8, 2017 21:35
Јордан Трајковски, бездомник од Скопје на возраст од 68 години, бил пронајден починат во скопската населба Аеродром на улицата „Бојмија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот во полицијата го пријавил неговиот пријател, исто така бездномик. Кога видел дека негоовиот другар е мртов, немал кому, па му јавил на чуварот позади старите магацини на АРМ во чуварницата спроти поликлиниката Јане Сандански на улицата „Коста Новаковиќ“.
Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 9.30 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по нардба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.




