Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии, навреди, програми – каква изборна кампања не чека?

3
By Нова ТВ on November 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 21, 2016 11:33

Автор: Анета Додевска

Сторијата е достапна на албански јазик на следниот линк.

Четвртата изборна единица, во која изборно ќе се соочат лидерите на најголемите партии, Никола Груевски на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев на опозициската СДСМ ќе биде одлучувачка за изборниот исход, сметаат дел од аналитичарите.

Очекуваат дека во пресрет на предвремените парламентарните избори на 11 декември, на граѓаните ќе им се сервира главно негативна кампања проследана со тензии. За овие избори, дел од апртиите ќе дадат голем влог, острата реторика веќе почна – коментираат политичките аналитичари и комуниколози за “Порталб“. Сметаат дека за непределените гласачи, значајни ќе бидата политичките програми што ќе ги понудат партиите наспроти црната кампања.

“Црната кампања“ – доминантна

И партиите од албанскиот политички блок, и оние од македонскиот во престстојниот период до изборниот ден нема да штедат зборови во “црна камања“, оценува аналитичарот Рамадан Рамадани.

“Мислам дека како и претходните кампања, така и оваа ќе биде главно “црна кмпања“. Ова го очекувам и партиите во албанскиот и од партиите во македонскиот политички блок. Во албанксиот политички кампус, од владеачката ДУИ очекувам дека повеќе ќе зборува за „метафизика“ за „надземен дискурс“, односно за работи кои немаат допирана точка со реалните проблеми што ги тиштат граѓаните, како економија, социјала , подобра стандард. Ова значи дека на пример ДУИ нема да зборува за овие конретни работи бидејќи досега не сработила ништо на тој план, не може да даде нови ветувања ако не ги остварила тие што ги испорачала на гласачите“, вели Рамадани.

Главно негативна кампања очекува и политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

“Мислам дека треба да се очекува кампања на високи тонови, со негативен предзнак. Иако самите партии ќе се фокусираат на својата понуда, мислам дека сепак ќе доминираат нападите кон опонентите, најмногу поради високите тензии кои сепостојано присутни во тек на политичката криза. Истовремено, високиот влог за поголемиот дел од партиите ќе направат предизборниот период да биде тензичен и полн со пинг понг изјави и прес конференции“, вели Арсовски.

Дел од аналитичарите сметаат дека со оглед на големиот процент на неопределени гласачи, сепак партиските програми можат да бидат одлучувачки за секој глас на оние што сеуште не одлучиле кого ќе го заокружат на изборното ливче.

“Има одреден процент на гласачи од оние неопределените кои сепак чекаат да ја видат понудата во политичките програми. Тоа е активно гласачко тело кое може да одлучи токму според она што гу нутат партиите. Затоа сметам дека напсроти очекувањата за црна кампања, значајни можат да бидат и се – политичките програми“- вели Рамадани.

Што по 11 декември – крај на кризата или вовед во нова?

Во изминатите две години, по објавување на прислушуваните материјали практично се разголија институционалните слабости, на површина испливаа партизацијата на општеството, уцени, фингирања, корупцијата, велат експертите посочувајќжи дека и за решение и искоренување на овие длабоки прблеми ќе биде потребно многу време. Изборите на 11 декември ќе бидат значајни за решение на политичката криза но процесот ќе трае, оценуваат политичките аналитичари.

“Мислам дек претстојните избори нема да значат крај за политичката криза. . Кризата е производ на процеси кои постјат од поодамна, и кои најверојатно ќе продолжат и после 11 декември. Политичката нетолеранција, корупцијата и клиентелизмот, мешањето на партијата и државата, недопирливоста на избраните функционери, слободата на изразување и објективното известување, задолжувањето и непродуктивните расходи, дупките во буџетот и социјалните трансфери, ова се параметрите кои ќе одредат дали кризата ќе продолжи. Изборите на овие параметри влијаат само транзиторно, привремено“, вели политичкиот аналитичар Арсовски.

Според Рамадани пак, по 11 декември треба да се очекува крај на кризата од институционален аспект, но ќе останат многу проблеми кои ќе треба да се решат.

„Кризата која започна трае долго, редвремените избори очекувам дека барем ќе имаме разрешница на инситуционалната криза, но секако во период што следува ќе мора да се решат многу отворени прашања поврзани со судството, корупцијата, економијата“, вели Рамадани.

Според професорот Мерсел Билали, постизборно потребна е консолидација и справување со криминалот , со што ќе се направи терен за нови избори.

„Јас сакам да верувам дека сепак ќе биде подобро, како и да завршат овие избори, оти истите ги гледам само како процес за да се ослободиме сите ние од постојната мафија. Значи како спас и за државата, и за институциите, и за компаниите и за луѓето. А потоа после година дена пак ќе треба да отидеме на нови нормални избори. Сега изборите се нешто меѓу нашиот спас и нашиот тотален амбис и уништување. Мислам дека се повеќе луѓе стануваат свесни дека тоа е така. И тие кои виделе некој личен интерес од ваквата власт, се повеќе се освестуваат дека со нивни пари се корумпираат на ситно за да губаат на крупно. Гледат дека крајот е катастрофа. Секој ден сретнувам симпатизери и поддржувачи на Вмро-Дпмне кои ми го кажуваат ова“, вели професорот Билали.

До истекот на рокот во ДИК беа поднесени кандидатски листи од 12 коалиции и партии. По одлуката да се отфлат две партии од изборната трка граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу 10 партии и коалиции. За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, коалицијата за промени и правда, опозициската коалиција предводена од СДСМ, ВМРО за Македонија , Алијанса за албанците со движењето за реформи ДПА, УНИТЕТИ и НДР, и партиите ДУИ, ДПА ПДП, ЛП, Левица и БЕСА.

Сторијата е соработка помеѓу НОВА ТВ и ПортАлб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.