Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, на прашањето да ја разјасни пораката на Твитер за потребата од зајакнување на американските нуклеарни капацитети, одговори: „Нека има трка во вооружување“, објави тв мрежата Ем Ес Ен Би Си, пренесува Ројтерс.
-Сите ќе ги надминеме во и на секој чекор и сите ќе ги надживееме, рече Трамп во интервју за оваа тв станица.
Портпаролот на Трамп Шон Спајсер истовремено за Ен Би Си изјави дека „нема да има трка во вооружување затоа што другите земји ќе се вразумат“, како и дека тие земји треба да сфатат дека Трамп нема да дозволи да ги „подриваат САД“.
Новиот шеф на Белата куќа вчера на Твитер напиша дека неговата земја мора во голема мерка да ги засили и да ги прошири своите нуклеарни капацитети.
-САД мора во голема мерка да ги засилат и да ги прошират нуклеарните капацитети се додека светот не се вразуми во врска со нукеларното оружје“, напиша Трамп.