Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трета кривична пријава за екс градоначалникот на Ново Село

0
By Нова ТВ on January 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 3, 2018 13:44

МВР соопшти дека Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство поднело нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велков поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Ова е трета кривична пријава што полицијата ја поднесува против Велков во изминaтите четири месеци.

Со последната, СВР Струмица го сомничи поранешниот градоначалник на општина Ново Село дека на 7 март 2014 година без да спроведе јавен оглас и јавно наддавање склучил анекс на Договорот за закуп на времен објект на Смоларскиот Водопад, сопственост на општината, со фирма од Струмица, со што го продолжил рокот на времетраење на договорот од

– Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист за подолг временски рок, стои во соопштението на МВР.

Претходно, на 26 септември, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Велков, додека тој сè уште беше градоначалник на Ново Село, под сомнеж дека одобрил службеници во општината да користат службени возила без патен налог за превезување пропаганден материјал за локалните избори, што се одржаа на 15 октомври.

На 13 ноември МВР соопшти дека е поднесена уште една кривична пријава против Велков бидејќи го користел службениот автомобил и по истекувањето на мандатот.

 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.