Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Мијалков избега од новинарските прашања пред СЈО

0
By Нова ТВ on November 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 4, 2016 17:25

Сашо Мијалков пристигна во СЈО со службен џип БМВ на МВР, кој му е даден заедно со членови на обезбедување, заради проценки дека постои опасност по неговата безбедност, дознава НОВА.

По цели два часа поминати во просторите на Специјалното јавно обвинителство, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков си замина и ги избегна прашањата на новинарите.

Медиумите буквално го имаа опколено излезот од СЈО, во исчекување да излезе Мијалков и да даде коментар или изјава по распитот во СЈО.
Во придружба на партискиот адвокат на ВМРО-ДПМНЕ Никола Додeвски, Мијалков ја напушти зградата и ги одбегна новинарите кои тргнаа по него, поставувајќи му повеќе прашања на кои тој не одговори.

НОВА го праша дали се чувствува виновен за случаите кои СЈО ги покрена против него, но тој не застана да даде изјава или коментар на ниту едно од прашањата кои ги довикуваа новинарите.

Мијалков за прв пат се појавува во СЈО, овој пат за да даде исказ за случајот „Тортура“ кој ова Обвинителство го покрена во врска со апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски, ден по изборите во 2011 година.

Освен Мијалков, кој е првоосомничен, во овој случај осомничени се и командантот на специјалната едниица Алфи, Ивица Антевски – Пуки и други припадници на оваа единица. Тие се товарат за нечовечко постапување и тортура при апсењето на Бошкоски. За ова кривично дело е предвидена затворска казна од една до пет години.

НОВА дознава дека џипот „БМВ“ со кој денеска пред СЈО пристигна Мијалков, е сопственост на МВР. Неофицијално, од извори во МВР, дознаваме дека тој освен возилото, од Министерството за внатрешни работи се уште има обезбедување бидејќи наводно постоеле проценки дека постојат опасности по неговата безбедност.

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков вчера се појави на распит во Кривичниот суд, како еден од осомничените за злоупотреба на државниот буџет при набавка на опрема за следење на комуникации, во случајот „Трезор“. Повеќе за ова читајте на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.