НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори, СДСМ го бара мандатот

0
By Нова ТВ on March 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори заедно со локалните избори за „зачувување на унитарната држава“, додека СДСМ го бара мандатот за правната држава тврдејќи дека ДПМНЕ сака само да избегне одговорност за криминалот, вака денеска се огласија две партии во соопштенија до јавновста.

– Единствениот начин да се зачува и зајакне унитарноста на државата е преку концептот на едно општество со еднакви права и обврски за сите. Тој концепт веќе победи. Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за внесување раздор изгуби на 11 декември! Барањето за нови избори е само обид за продолжување на политичката криза и одложување на понесувањето одговорност за криминалите и злоупотребите., велат СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение порача до домедиумите порачува дека  чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“ и заради почитта кон нив и нивната стратешка определба, нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси.

Се ближат локалните избори и најдобар излез од оваа криза е доколку Зоран Заев се охрабри и се согласи да ја постави платформата пред граѓаните. На ист трошок тие ќе гласаат и за локалните власти, но ќе се произнесат и околу платформата од Тирана. Доколку Зоран Заев и СДСМ имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува да ја отфрлат. Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат влада каква што сакаат и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку не ги отфрлат уцените, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ обвини дека Груевски само сака да си ја спаси сопствената кожа втурнувајќи го народот во конфликт. Тие велат дека ниту Уставот, ниту унитарноста не се загрозени и дека владејачјата партија намерно шири невистини и ги подгрева меѓуетничките и граѓанските односи.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните. Ѓорге Иванов мора да ја почитува мнозинската волја преточена во 67 пратенички мандати и да го даде на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатот за состав на новата реформска Влада и независни демократски институции, велат СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.