ВМРО ДПМНЕ во соопштението до јавноста повика да се распишат нови избори на кои ќе се гласа и за платформата на Албанците бидејќи како што велат таа била пост изборно изготвена од друга држава.
“Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана.” – се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ