НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поддржиме Заев само да не прифати бинационалност

0
By Нова ТВ on February 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста го повторува ставот на претседателот на партијата Никола Груевски искажан за време на интервју на телевизијата Сител.

Партија потенцира дека на Заев ќе му дала поддршка за малцинска влада само да не ја прифати платформата на албанските партии. Н ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека победници на изборите сепак се тие.

– На 11 декември победија граѓаните на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Победи концептот на унитарна и мултикултурна Македонија. Време е СДСМ да се помири со поразот и да прекине со погубното сценарио за урнисување на нашата држава. Граѓаните на 11 декември не гласаа за официјализирање на албански јазик, двојазични банкноти, кантонизација или федерализација.

– Нека размислат и нека се откажат од антидржавното сценарио додека не е предоцна. Веднаш ќе ја добијат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада, но условот за нашата поддршка е да се откажат од редефинирањето на државата, двојазичноста, кантонизацијата и федерализацијата, како и бинационалниот концепт на Република Македонија…Подготвени сме да го поддржиме Заев во формирање Влада, ако и само ако се откаже од урнисувањето на државата и виткање на кичмата, се вели меѓу другото во соопштението на партијата.

Оттаму го обвинуваат Социјалдемократскиот сојуз за “виткање кичма“ во “болна желба за власт“ која се случувала и во минатото.

– Во 2004 година го донесоа Законот за територијална поделба за да се дограбат до функцијата Претседател, а граѓаните на Република Македонија, особено на Струга и Кичево и ден денес ги трпат последиците. И тогаш како и сега преку бројните платеници се обидуваа да го изманипулираат народот. Истото ни се случува и денес. Зоран Заев и СДСМ и денеска се подготвени за власт да ја прифатат и реализираат Платформата смислена во Тирана, констатира ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.