НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: Постигнување на договор ќе креира тензии во државата

0
By Нова ТВ on March 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО ДПМНЕ со соопштение утринава за одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го даде мандатот на предводникот на опозицијата. Го пренесуваме во целост.

„Уцената која што ја прифаќа СДСМ има огромна цена, а цената нема да ја плати само СДСМ туку целата држава. Прифаќањето на платформи на туѓи држави како основа за преговори и формирање коалиции е процес кој води во разградување и редефинирање на државата.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја анализираше политичката состојба после постигнувањето на договор меѓу СДСМ и ДУИ со кој беа обезбедени потписи за барање на мандат за составување на идната владина коалиција.

Нетранспарентноста на целата постапка и криењето на договорот, остава огромен сомнеж за ризиците кои ги содржи истиот. Според ИК постигнувањето на договор со кој се одлучува за иднината на унитарна, суверена и мултиетничка Македонија зад затворени врати, креира тензии во земјата и го буди гневот меѓу граѓаните. Штетите предизвикани од ваквото постапување може да бидат огромни и далекусежни.

Затоа ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмираше позицијата и ставот на партијата дека во конкретниов случај, помала е цената да се удоволи на желбата на СДСМ кој сака да се дограби до власт и покрај поразот кој го доживеа на минатите избори. ВМРО-ДПМНЕ би ја поддржала идната нивна влада, само доколку се откажат од уцените и целосно ја отфрлат платформата од Тирана.

Реализацијата на платформата од Тирана ќе значи целосно редефинирање на Република Македонија, нејзино претворање од мултиетничка во бинационална држава кој во подоцнежните фази ќе се федерализира, кантонизира и подели.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реализирање на вакво сценарио кое е спротивно на државните и националните интереси и ќе застане на страна на народот кој на изборите не гласаше за платформата од Тирана. Напротив, мнозинството граѓани ја поддржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО има обврска кон гласачите да ја почитува нивната волја“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.