Published: Friday, March 17, 2017 15:29
Поранешниот претседател на Собранието, сега претседавач со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен Трајко Вељаноски за во вторник 21 март во 12 часот закажа координативна средба на која треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која, како што стои во соопштението, ќе послужи како основ за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, започната и прекината на 30 декември 2016 година.
Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, денеска до поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски достави 67 потписи како иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието.




