Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Банката бара милионска оштета ако Клинички е на друго место

1
By Менче Атанасова Точи on January 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За новиот Клинички центар постојат две локации-тоа е сегашната и локацијата во Бардовци која е во близина на индустриската зона во Визбегово заради подобар пристап од сите страни. Банката на Советот на Европа не се согласува со втората локација и доколку ја избереме,  Македонија треба да и плати 5, 5 милиони евра оштета на Банката, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање. Ова им било кажано на средбата со преставници на Банката на Советот на Европа.

“Доколку се одлучиме да градиме на нова локација, ако ја почнеме сега процедурата  камен темелник ќе ставиме за пет години и вредноста ќе се движи од 450 до 500 милиони евра. За тоа време ќе треба да се урне се што е на местото на сегашниот Клинички центар, да се изградат згради и нови објекти за да има внес на пари. Сегашната цена, со овој постоечки договор кој е склучен во време на екс министерот Тодоров изнесува 85 милиони евра“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев објасни дека анализата покажала дека се работи за тендер со законски исправно решение и избор на изведувач кој има банкарска гаранција и бонитет и дека се расчистени сите правни и формални дилеми.

„ Дилемите се расчистени што се однесува до правно-формалните аспекти иако секогаш може да се направи дополнителна истрага. На тендерот нема дилема за постапката за избор на изведувачот. Она што е проблематично е слабата организација на сообраќајот на оваа локација. Генерално дилемата е дали во цела гужва таму треба да се гради Клинички центар. Проблемот е сообраќајното решение кое сега има 330 паркинг места, а потребни се 3700“, изјави премиерот Заев.

Премиерот најави дека со новата организација се предвидени две катни гаражи, едната на Водњанска, под  училиштето Кочо Рацин и втората кај МВР. Втората катна гаража која е предвидено да има 2200 паркинг места, може да се гради веднаш,  независно од Клиничкиот центар, најави премиерот Заев.

Тој нагласи дека се уште нема избрано надзорен орган кој ќе ја надгледува и следи изградбата, а за новата локација(доколку с е избере) нема градежна дозвола. Заев рече дека се уште немале средба со изведувачот италијанската фирма бидејќи се уште не се  знае дали тие ќе го градат Клиничкиот центар. Она што се знае е дека со нив изградбата ќе чини 85 милиони евра, пари кои ќе треба да ги враќаат граѓаните на оваа држава, рече Заев.

Новиот Клинички ќе се гради во пакет со штипската клиничка болница и уште неколку други клиники и целиот проект ќе чини 140 до 150 милиони евра. Дел од  овие средства се за опрема и обука на кадар.

Премиерот нагласи дека конечната одлука каде ќе се гради новиот Клинички ценатр ќе биде донесена деновиве. И министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека одлуката за локацијата на новиот Клинички центар ќе биде донесена многу брзо. Тој нагалси дека пред две недели на средбата со претставниците од Банјката им била презентирана целосна анализа, по што останува да се донсе длука за конечното решение.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.