Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Најпрво реизбор во судството, нема екстерно и радиодифузна такса

0
By Нова ТВ on May 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 7, 2017 10:45

Распуштање и реизбор на судството, нема да има екстерно тестирање и радио-дифузна такса, а за граѓаните ќе има евтина струја. Ова ќе бидат први мерки на новата Влада која ќе се формира до крајот на мај или почетокот на јуни, изјави во неделното интервју за Радио Слободна Европа, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„ Ние докажавме дека нема правна држава во Македонија. Ветивме и чиста ни е состојбата  прашањето за распуштање на судството и негов реизбор. Ние најавивме многу значајни мерки, кои што, некои се врзани дури и со рокови. Многу родители, многу наставници, многу деца чекаат да го укинеме екстерното тестирање, заради тоа што тоа е на крајот на мај или на почетокот на јуни, за да бидат начисто, оти и психолошки делува, верувам, и на целиот образовен процес при финишот на учебната година. Тука е укинувањето и на радио-дифузната такса, враќањето на евтината тарифа, веднаш донесување на закон за медиуми… одредени социјални мерки, коишто ги ветивме, се возможни без какви било промени на буџетот веднаш како законски решенија. Се плашам каков ќе биде тој прв момент кога ќе ги видиме сите тие „мечки“ што ќе излезат, но нема друга алтернатива, тоа е нашата земја, нашиот народ и верувам дека ќе успееме веднаш да ги нормализираме работите. Меѓу првите работи ќе биде, секако, и зголемувањето на минималната плата. Многу вакви решенија се веќе подготвени и јас верувам дека крајот на мај, почетокот на јуни ќе бидат донесени и секако едно решение кое мораме да го донесеме во Парламентот е промена на изборниот законик, заради одложувањето на локалните избори, верувам за на есен, но тоа го планираме во согласност со сите парламентарни парти, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Заев истакна дека по крвавиот четврток мора да се случи политичко помирување, национално помирување, меѓуетничко помирување, партиско помирување.

Преку глава ни е од делби и поделби, многу зла крв се пушти меѓу нашиот народ и не може да очекуваме перспектива и добра иднина за Македонија, ако тоа така остане. Јас сум православен христијанин, верник и најголемото простување во мојата вера, а верувам тоа е така и во муслиманската и во католичката и во сите – е да се прости на непријателот. Ние имаме политички непријател, други немаме. Тоа апсолутно значи дека секој ќе оди на Суд и ќе си понесе одговорност, но мораме меѓусебно да си ја испратиме пораката за простување ако сакаме да соработуваме. Јас сум свесен дека мојот мандат ќе биде успешен, водејќи ја новата влада на Македонија, ако не дозволам никој да има причини за нови блокади, за нови антагонизми. Искрено секогаш упатувам порака дека ќе ни треба соработка со опозицијата, ние може да си ги сакаме дома децата и семејствата, ама мораме да соработуваме заради реформите, заради животот и соживотот, заради граѓаните, заради нашата заедничка Македонија. Се надевам на реформи и во ВМРО-ДПМНЕ, заради тоа што целото ова злосторство кое е на повидок и го видоа граѓаните на Македонија е докажливо злосторство, сè што се случи, тоа е со умисла. Заради тоа што на новата власт и треба силна опозиција. Убедени сме дека новата власт само преку силна опозиција ќе биде одговорна, отчетна, транспарентна и целосно насочена кон интересот на граѓаните. Во такви околности помирувањето е неопходно, јас сум подготвен да пружам рака секому, да тераме заедно, сплотени, здружени, оти така ќе не почитуваат и соседите, така ќе не почитува и светот“, рече Заев.

На прашањето ако с е департизира судството дали ќе има потреба од СЈО, Заев одговори дека ова обвинителство е формирано со консензус на сите партии и сите пратеници во парламентот и тоа има своја намена и потреба за функционирање, опстојување и завршување за тоа што е формирано.

„Јас сум убеден и сакам, тоа да си ја заврши работата за која е формирано. Што значи да истражи сè што е поврзано и што произлегува од незаконското прислушување. Ако има докази да процесуира истраги и обвиненија, ако нема завршуваат истрагите тука. Тоа е она што го очекувам. Истовремено паралелно веднаш ќе мораме да ги отвориме процесите за независноста во судството. Ние докажавме дека нема правна држава во Македонија. Ветивме и чиста ни е состојбата по ова прашање– распуштање на судството и негов реизбор, изјави Заев за Радио Слободна Европа.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.