Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто / Мециновиќ: Решението за чисто Скопје е политичка волја

0
By Zoran Ivanov on October 29, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо. Тој ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да го дадат својот гласа за него, бидејќи како што кажа на Скопје веќе не му се потребни експерименти туку работа.

Јас стојам зад тоа што сум го ветил дека градот може за 72 часа да биде чист, убеден сум дека 117 камиони има, а само 17 се исправни, 46 има метлачки и камиони за перење на улици, а само 6 се исправни, имам добар план и визија како ќе го направам тоа, рече Ѓорѓиевски во тб дебата со кандидатот за градоначалник на Левица Амар Мециновиќ.

Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.

Одговорно тврдам со општествено одговорни компании со помош на нашите колеги не само во Скопје, туку надвор од Скопје, добро ќе биде исчистен градот не само на микролокациите туку секаде, и конечно исто така после долги години за прв пат ќе ги испереме улиците, рече Ѓорѓиевски.

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, вечерва упати серија критики за актуелното управување со градот и за, како што рече, „кампањското чистење“ на Скопје. Мециновиќ ги отфрли наводите за соработка со ДУИ и повика на политичка промена, нагласувајќи дека решението за чисто Скопје е политичка волја. Тој ги охрабри скопјани да излезат да гласаат во недела, и, како што рече „да ја преземат судбината во свои раце“.

Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите – Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите. Викате не е ваша надлежност да чистите ѓубре, ама е ваша надлежност да отворате Скопски маратон, рече тој.

Ова е историска прилика. Досега се боревме со политички партии кои ги имаат сите привилегии на нивна страна, ја имаат моќта и институциите, но ние ја имаме љубовта кон нашиот град. Сметам дека треба да прекинеме да бираме како што досега сме бирале, затоа што резултатите се предвидливи – особено за нашата генерација која не може да си дозволи уште 30–40 години да живее во вакви услови. На 2 ноември мора да ја преземеме судбината во сопствени раце. Со еден храбар чекор, кој ќе значи промена на политичките прилики во Македонија, да си го обезбедиме градот во кој сакаме да живееме, порача тој.

 

Георѓиевски локлани мециновиќ пораки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.