Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

10 месеци од формирањето, ќе се гласа за недоверба на Владата

0
By Нова ТВ on April 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 11 часот ја закажа седницата за доверба на Владата на барање на ВМРО-ДПМНЕ.

-Единствени проекти коишто ги спроведе Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се нагло партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам, стои во дел од образложението на опозициската партија во барањето за покренување на прашањето за доверба на Владата, потпишано од 41 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во документот објавен на официјалната веб страница на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и ДУИ за да ја одржат коалицијата ја погазиле демократијата во државата, Уставот, законите и собранискиот Деловник. Дека на сила го изгласале Законот за јазиците, не спровеле ниту една реформа од планот 3-6-9, кој според опозициската партија, доживеал целосен колапс.

Според собранискиот Деловник, гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба.

За евентуално изгласување недоверба потребно е апсолутно мнозинство, односно 61 глас од вкупниот број на пратеници.

Гласањето доверба ќе биде прв посериозен тест за Владата и за премиерот Зоран Заев по десет месеци минати на власт. Интерпелацијата доаѓа во момент кога се привршуваат последните подготовки за првата реконструкција на кабинетот и се водат преговори со неколку партии за окрупнување на парламентарното мнозинство.

Опозициската партија не учествува во работата на Собранието по притворањето на шестмина нивни пратеници и други граѓани за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година.

Опозицијата нема 61 глас

Со одлука на Врховниот суд, од притвор беа пуштени пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои сега се во домашен притвор. Во домашен притвор е и пратеникот Љубен Арнаудов. Другите пратеници можат да се вратат во работата на Собранието – за Жаклина Пешевска, обвинителството ја прекина постапката, а на Јохан Трчуловски и Љупчо Димовски им се одредени мерки на претпазливост. Со ова, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, делумно е исполнет првиот услов за враќање на нивната пратеничка група во Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се подготвени со дискусија да ги изнесат сите факти и аргументи против 10-месечното владеење на актуелната Влада, изјави вчера координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

Данев апелираше до сите пратеници на денешното гласање пред себе да го стават интересот на сите граѓаните на Република Македонија, а не како што рече,  партиските и личните интереси.

– Ако тие интереси ги водат, убеден сум дека ќе имаме над 61 глас, рече Данев.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ е потпишано од 41 пратеник, но за изгласување се потребни 61 глас.

Координаторот на владејачката СДСМ Томислав Тунтев, пак, изјави дека е поразително за една голема политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ да бара изговор и да најде погрешен начин за да се врати во работата на Собранието.

– Ако ова е големата врата за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тогаш навистина сме малку разочарани. Барањето е сосема легитимно и всушност нам ни отвора простор да ги реафирмираме сите позитивни политики на оваа Влада во последните 10 месеци, рече Тунтев.

Според него, пратениците од владејачките партии на утрешната седница ќе ја потсетат опозицијата на, како што кажа, криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во последните 10 години, зошто оваа држава се наоѓа на ова дереџе, а исто така ќе потсетат дека во овие 10 месеци Владата на Република Македонија ги презела сите активности за да ги отстрани и ублажи погубните политики што години наназад ги воделе поранешните влади.

Пратеникот Реџеп Мемети од БЕСА (од крилото на Африм Гаши) изјави дека тие нивниот став за прашањето за доверба на Владата ќе го искажат на седницата.

Ние, рече, нема да ја поддржиме оваа иницијатива, но нашиот став ќе го искажеме на утрешната седница. Тоа, како што кажа, не е во врска со разговорите за влегување на оваа партија во Владата на премиерот Зоран Заев.

гласање доверба на Влада Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.