Во последните 24 часа се направени 2.960 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1, информира Министерството за здравство.
Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Крива Паланка и Берово – по 1. Регистриран е и еден починат пациент од Струмица (64г), во болнички услови .
Направените тестови се преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-253, Биотек-174, Систина-96, лабораторија Лаор-158, Синлаб-17, Ремедика-21, Плодност–18, Генеа–10, Никоб лаб-704, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.133.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68698, Активни 58
Куманово 8884, Активни 11
Прилеп 8328, Активни 5
Тетово 7278, Активни 38
Битола 6310, Активни 6
Велес 5474, Активни 2
Гостивар 5185, Активни 4
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5021, Активни 11
Штип 4960, Активни 0
Струмица 4123, Активни 5
Струга 2982, Активни 1
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2600, Активни 13
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1032, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
Инаку, од Министерството додаваат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 408 953 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8 355 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11 393 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 652.680 дози вакцини, а ревакцинирани се 243 727 граѓани, информира Министерството за здравство.
Од Министерството соопштуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 496.228 граѓани.
– Со последните бројки 54 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 52 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 47 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 39 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Вакцинацијата, како што посочуваат од Министерството, се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.