Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

11 милијарди евра за Украина и санкции за нејзиното поранешно раководство

0
By Нова ТВ on March 5, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) денес усвои план за помош а Украина од 11 милијарди евра а за утре е закажан самит на лидерите на ЕУ посветен на кризата во оваа земја.

Пакетот на ЕК, кој е придонес на извршното тело на ЕУ за утрешниот самит, се состои од 11 милијарди евра за следните две години кои доаѓаат од буџетот на ЕУ и на европските финансиски институции, прецизираше шефот на ЕК Хозе Мануел Баросо.

Од споменатата сума има 1,6 милијарди во форма на кредит, 1,4 милијарди грант, 3 милијарди од Европската инвестициона банка, 5 милијарди би дошле од Европската банка за реконструкција и развој а таа ќе мобилизира 250 милиони евра од фондовите наменети за соседската политика за да добие кредит од 3,5 милијарди евра.

Лидерите на ЕУ утре одлучија да се соберат на вонреден самит посветен на Украина на кој тие треба да донесат одлука за замрзнување на имотите на 18 раководни украински лица кои биле имплицирани во насилствата во Киев во февруари, јавуваат европските медиуми цитирајќи висок дипломатски извор на ЕУ. Овој список ќе биде објавен на Службениот весник на ЕУ утре пред почетокот на самитот.

Според некои извори можно е на овој список да се најде и Виктор Јанукович. Разрешениот претседател веќе се наоѓа на списокот на Швајцарија која одлучи да му го замрзне сметките исто како и на уште 19 лица помеѓу кои има министри и каде што е и Александар Јанукович, син на претседателот, кој има свој имот и фирма во Швајцарија.

ЕУ смета дека овие санкции мораат да се применат за лицата кои се одговорни за нарушување на човековите права и прекумерна употреба на сила.

Санкциите се однесуваат на замрзнување на сметки а не на забрана за издавање визи како што беше планирано минатата недела.

Европските медиуми информираат за можни санкции против руски функционери доколку тензијата во Крим не се смири до одржувањето на самитот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.