Во Бугарија официјално се потврдени 11 жртви во Варна и 2 во Добрич. Сепак оваа бројка не е конечна и медиумите јавуваат дека бројката на загинати најверојатно ќе се искачи на 14.
Најпогоден беше регионот на Варна и населбата Аспарухово во овој приморски град каде што се регистрирани најголем број мртви и повредени. Во овој регион се направени и најголемите матерјални штети.
Ужас е зборот, со која ја опишуваат ситуацијата очевидците од регионот. Причината за големите штети , нанесени од водната стихија во Варна, се поврзани со неселективното сечење на шуми и лошата инфраструктура, која не може да одговори на потребите на многуте ново изградени станбени објекти во тој регион.
Станува збор за човечка неодговорност за која природата не ни е виновна, велат експертите во изјавите за медиумите кои постојано ја следат кризната ситуација.
Во поплавените региони по вчерашната драма денеска ситуацијата се нормализира а граѓаните од цел Бугарија масовно се организираат за да им помогнат на настраданите.
Денеска започнува расчистувањето. Во Софија се отворени повеќе пунктови за собирање на помош за настраданите домаќинста.
23 јуни во Бугарија е прогласен за ден на жалост.