Мене ме оставија на – 24 степени без греење и на породолно без платени придонеси, сведочи текстилна работничка во новата анонимна анкета којашто ја направи Здружението на граѓани од кожарската, текстилната и чевларската индустрија „Гласен текстилец“ од Штип.
Другите работници се жалат дека тие враќаат дел од својата плата на газдите, а тоа се правело и со работниците инвалиди за кои платата ја субвенционира државата. Според анкетата, 77 проценти од работниците рекле дека не им се почитуваат работничките права, но малкумина се осмелуваат да пријават кај надлежните. Тоа го сториле само 25,4 проценти од испитаните.
Работниците рекле дека често се случувале повреди на работното место коишто останале непријавени или 50,7 проценти од нив потврдиле непријавени повреди, додека 79,1 рекле дека не им се плаќа прекувремената и празничката работа.
Сите резултати видете ги овде.