Државниот инспекторат за земјоделство ќе им ги одземе лиценците за работа на 13 винарски визби поради неисплатено грозје од минатата реколта, како и поради доставување на лажни финансиски извештаи.
Една винарска визба добила и кривична пријава поради лажен финансиски извештај.
Тие не ќе можат да откупуваат грозје се додека не ги платат обврските кон лозарите со камата, а на државата не и платат и казна во износ од 10 % од долгот.
Во Македонија има 86 официјално регистрирани винарски визби со вкупен капацитет од околу два милиона хектолитри.