Седумнаесет демонстранти во 2012 година беа обвинети за „навредување на државен службеник” со извикување на пароли во текот на протести против здравствената политика на Владата, објави весникот Хуриет. Групата извикувала „Таип Ердоган: Слуга на ММФ (Меѓународен монетарен фонд), слуга на шефовите”.
Одлуката на судот, на која обвинетите немаат право на жалба, е донесена во момент кога турската власт е критикувана во земјата и во странство поради усвојување на новите мерки за контрола на Интернет, што се смета за напад на слободата на изразување.
На осми овој месец беа одржани протести поради одлуката за ограничувањата на Интернет, а опозицијата наведе дека новите мерки подразбираат дека властите можат за неколку часа да блокираат одредени веб страни и дека претставуваат обид на Владата да спречи дискусии за корупциските скандали.
Турските власти тврдат дека целта на реформата на законот за Интернет е заштита на приватноста на корисниците