Околу 18.000 парчиња оружје со муниција е дистрибуирано на резервистите од регионот на Киев, јави мрежата Си-Ен-Ен.
Во заедничка изјава министерот за одбрана Олексиј Резников и началникот на генералштабот Валериј Залужниј, рекоа дека ќе има уште оружје. „Наскоро ќе имаме уште поддршка со модерно оружје од нашите партнери“, изјавија тие.
Вчера украинскиот претседател Зеленски нареди општа воена мобилизaција, како и забрана за напуштање на земјата за сите машки граѓани помеѓу 18 и 60 години возраст.