Премиерот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за РТС истакна дека ситуацијата во поплавените подрачја од ден на ден е се подобра и дека државата направила план да почне со обнова на поплавените региони. Тој порача дека сите кој имаат урнати куќи, ќе добијат нови.
Во интервјуто Вучиќ најави дека државата ќе ги обнови сите патишта во загрозените општини, бидејќи самите општини не би имале доволно финансии за тоа. Тој истакна и дека државата ќе ја преземе одговорноста за обнова на електроенергетскиот систем, бидејки според него тоа се нејголемите трошоци. Премиерот прецизираше дека вкупната штета од поплавите се проценува на една милијарда едва и дека очекува 20 проценти од штетата да биде покриена со странска помош, пред се од ЕУ, Русија и арапските партнери.
Вучиќ изјави дека се пронајдени 780 од 809 пријавени исчезнати лица, додека за 18 од 29 е потврдена смрт, а за 11 други се уште се трага.
– Утре ќе имаме конечен список, бидејќи е вршена обдукција, колку луѓе се удавени и колку загинале, изјави Вучиќ за РТС.
Вучиќ нагласи дека во извештајот ќе бидат содржани имиња на настраданите, како и датум и причини за смрт.