Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна да функционира Регистарот на население-граѓаните добиваат електронски идентитет

0
By Нова ТВ on October 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 18, 2019 08:24

Граѓаните ќе добијат електронски идентитет и поедноставен пристап до електронски услуги, а нивните податоци ќе се разменуваат побргу и поефикасно помеѓу институциите преку Централниот регистар на население што започна да функционира.

Регистарот е прв клучен чекор за дигитализацијата во јавната администрација и ќе биде помошна алатка за претстојниот попис на населението, а ќе ја олесни и подготовката на Избирачкиот список.

Размената на податоците меѓу институциите ќе се врши согласно Законот за заштита на лични податоци.

За таа намена ќе се воведе Единствен електронски број, како замена за матичниот, бидејќи тој не смее да се разменува.

При евентуални грешки во податоците, Министерството за администрација не ќе може да ги исправи.

-Овој број ќе биде клучен кога граѓанинот ќе побара електронска услуга од страна на институциите. Секој граѓанин има право да ги знае своите податоци кои се во Централниот регистар на население. МИОА воведува нова услуга со која секој граѓанин ќе може да провери кои податоци се запишани за него во регистарот. Доколку некоја информација е погрешна, граѓанинот ќе добие информација во која институција и како треба да се направи промената, објаснува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Власта тврди дека нема простор за злоупотреба на податоците од институциите, а тие исто така се заштитени и од надворешни напади и обиди за влез во системот.

Основната цел на Регистарот е пред се собирање податоци за физичките лица и нивно користење од институциите за потребите на нивните управни постапки. Тој овозможува унифицирани, прецизни и верифицирани податоци за институциите.

За еден месец, ќе биде пуштен во употреба и националниот портал е-услуги, од каде граѓаните преку електронски пат ќе можат да извадат извод на родени или на венчани.

Алатка за идниот попис и за Избирачкиот список

Идниот попис кој анкетарите ќе го прават на мобилни уреди ќе се спроведува со помош на Централниот регистар на население, а тој ќе биде и помошна алатка при пречистување на Избирачкиот список.

-При појавувањето на врата на анкетарот ќе ги повлекува основните податоци од Централниот регистар на население. Но, тоа се само нашите основни податоци, тука немаме голем број на податоци со кој се занимава пописот. Пример, немаме етничка припадност, но немаме информација за приходи и друг тип на статистички операции кои ќе се земат со пописот. Ова е само помошен механизам за Пописот да може да биде спроведен многу побрзо и многу подоверливо, вели Манчевски.

Регистарот на население ќе содржи податоци и за починати лица за период од 50 години. Сега во него има податоци за вкупно 2.867.829 лица. Од нив, како живи се водат 2.618.391 лице. Активни со престој во државата, меѓу кои и странци, се 2.422.484 лица, а престој во странство пријавиле 170.553 лица. Со регулиран престој, според регистарот, се околу 30.000 странци.

Сепак, според Манчевски вели овие бројки не се релевантни, а точните податоци треба да ги даде Пописот кој, според најавите на надлежните, ќе спроведе идната година.

Европската унија издвои околу 5 милиони евра за поддршка на овој регистар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.