Поранешниот полицаец Дерек Шовин кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд минатата година на улица во Минеаполис,се соочи со 22,5 години затворска казна. Начинот на кој беше убиен Флојд, предизвика планетарна осуда како и осуда во Американското општество каде повторно излегоа на површина темите за вредноста на човековите права, расните разлики , полициската бруталност.
Американскиот претседател Џозев Бајден, казната за Шовин ја оцени како „соодветна“ и дека не е запознат со сите детали.
Обвинителството на државата Минесота бараше 30 години затвор за Шовин, а тој во април беше осуден за ненамерно убиство од втор степен,за убиство од трет степен и за убиство од втор степен поради својата улога во смртта на Флојд.
45 годишниот екс полицаец Шовин, во клечечка состојба девет минути со коленото притискал врз вратот на Флојд, иако тој им се молел на полицајците дека не може да дише. Шовин се повлекол дури кога пристигнала итната медицинска помош чии болничари утврдиле дека Флојд е во бессознание и без пулс.
Убиството покрена масовни демонстрации против како што се наведуваше, институционалниот расизам и полициската бруталност во САД.