Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто е Мицкоски над законот?

0
By Борјан Јовановски on April 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Мицкоски шири лажни вести“, „Мицкоски не почитува закони“, „Бивша пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ манипулира јавност“, се резимеа на наслови во само неколку дена во кои лидерот на најголемата опозициска партија со неколку свои постапки се обиде да ја делегитимира власта. Тој свесно соопшти вест за недостаток на тестови-информација која реално влева паника во, и онака, збунетата и исплашена јавност. Потоа оди во теретана кога работата на овие објекти е забранета со одлука на Владата, а во контекст на спречување на ширењето на вирусот.

Членови од високото раководство на партијата фалсификуваат владини огласи за спречување на вирусот во обид да ја манипулараат јавноста.

„Унгарските медиуми“, чија уредувачка политика на дневна основа се креира во „Белата палата“, стануваат се поагресивни во обидите да ја делегитимираат власта. Критиката на власта е една работа и се додека е конструктивна е добредојдена, но кога таа преминува во свесно ширење на паника и страв тогаш имаме сосема друг проблем кој навлегува длабоко во сферата на јавниот интерес.

Мицкоски очигледно ја минува црвената линија. Тешко е да се претпостави дека и самиот не е свесен за тоа. Прашањето е зошто го прави тоа во услови кога Македонија, како и целиот свет, се соочува со најголемата криза во поновата историја по Втората светска војна. Мицкоски свесно ги напушта сите етички норми како политички, така и цивилизациски, во обид да ја наметне својата партиска агенда во решавање на актуелната криза. Ваквата одлука би можела да се протолкува како израз на немоќ, но сега не е време за овие анализи. Одговорноста за ваквата стратегија е негова и за неа ќе одговара пред јавноста и гласачкото тело, но она што не може да се остави на него се последиците кои произлегуваат од ваквото антицивилизациско политичко однесување.

Во случајот тука одговорност имаат и институциите кои треба да дадат одговор зошто законите и уредбите на владата се спроведуваат селективно? – Зошто, на пример, новинар или медиум би бил казнет во овие услови доколку шири лажни вести додека лидерот на опозицијата тоа може да го прави непречено? – Зошто истиот политичар може да оди во теретани додека трае забраната за работа на ваквите објекти? – Зошто тој да ја има таа привилегија, а другите да бидат лишени од неа? – Зошто висок партиски претставник може да фалсификува пораки на владата за спречување на епидемијата со цел да ја манипулира јавноста? – Дали ова би можел да си го дозволи друг корисник на социјалните мрежи и да помине со реплика или критика од владеачката партија?

Ова се прашања на кои треба да одговорат институциите. Живееме во време кога партиските интереси навистина делуваат патетично и се надвор од секаков интерес на јавноста. Сега ни требааат одговорни институции кои без исклучоци ги спроведувааат сите мерки што се во интерес на спречување на оваа пандемија.

ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.