Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени биле 4133 тестирања и регистрирани се 24 нови случаи на Ковид-19. Најголем број ново заразени има во Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1. Оздравени се 6 пациенти – нема пријавено починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.