Бројката на жртви во немирите во Киев, до кој дојде по жестоките судири на полицијата со демонстрантите ноќва се искачи на 25. Меѓу жртите е и еден новинар. Двете страни во судирот известуваат за стотици повредени.
Обраќањето на претседателот Јанукович до нацијата не ги смири тензиите. Тој по средбата со опозициските лидери побара тие да се дистанцираат, од како што рече рaдикалнките елементи кои намерно предизвикуваат хаос.
Дистанцирајте се од радикалните сили или признајте дека се тие ваши сојузници, рече претседателот Јанукович во обраќањето до нацијата а по средбата со опозициските лидери.
„Ја поминавте границата и затоа оние кои повикуваат на оружје и сакаат власт по пат на незаконско дејствување ќе сносат кривична одговорност“ рече Јанукович во обраќањето до нацијата.
Демонстрантите ја одбиваат понудата на власта во неа да се вклучат членови на опозицијата и бараат целосно нов состав на владата.
Во меѓувреме полцијата продолжува со операцијата за истиснување на демонстрантите од централниот плоштад во Киев кој е се уште под нивна контрола. Демонстрантите ги бранат своите позиции со барикади од запалени автомобилски гуми и дрва.
Цела ноќ се водеа исцрпувачки битки меѓу двете страни во Киев. Во раните утрински часови сеуште бранителите се спротивставуваа на жестоките напади на специјалните полициски сили Беркут кои на плоштадот Мајдан на едно место успеаја да ја пробијат барикадата.
Околните згради горат, а не е позната судбината на луѓето во Домот на синдикатите кој е во пламен цела ноќ.
Најновото насилство во Киев е резултат на превирањата во таа држава до кој дојде по одлуката на владата на Јанукович да не го потпише договорт со ЕУ и наместо тоа да ги засили односите со Русија.
Дали сте во Киев, дали сте сведок на протестите во Украина? Споделете ги искуствата, но ве молиме останете безбедни.
Пишете ни на tvnovaweb@gmail.com

