НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

26 јули, 5 часот и 17 минути – катастрофалниот земјотрес во Скопје

0
By Marija Todorovska on July 26, 2025 ТЕМА
Фото: Википедија
Фото: Википедија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешен ден, 26 јули во 1963 година во 5 часот и 17 минути Скопје беше погоден од катастрофалниот земјотрес 6,1 степен според Рихтерова скала.

Сликите и вестите од оваа катаклизма се најдоа на првите страници од светските медиуми.

Земјотресот од 63та е најголемата катастрофа што се случила во Скопје, траел 20 секунди, животот го загубиле 1070 луѓе, а повредени биле 2.900

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.

Околу 1/7 од целокупното население на Македонија живеело во Скопје според статистичките информации од 30 јуни 1963 г., или 198.153 жители. Привремено присутните жители се движеле од 12.000 до 20.000 што значи дека по бројот на жители до утрото пред земјотресот, Скопје се сметал за трет град по големина, развиеност и вложување во поранешна Југославија.[8]

Според истата статистика, во градот имало 39.516 станови со вкупно 1.792.055 м2 станбена површина, вклучувајќи ги и 3.912 станови во изградба, со 208.026 м2 станбена површина. Од 1945 до 1961 г., се изградени околу 2⁄5 или 41 % од станбениот фонд. Од 1961 до 1963 г., се изградиле околу 9.000 станови, со што од вкупниот станбен фонд 45 % припаѓале во општествено својство и 55 % на поединечни сопственици. Просечно, на секој жител на Скопје му припаѓале околу 8 м2 станбена површина, а секое семејство броела околу 4,1 член, што значи дека градот броел околу 48.330 домаќинства. Од вкупниот број на домаќинства, во засебни станови живееле 76,5 % од жителите, додека 23,5 % живееле во деливи станови.

Фото: Википедија
Фото: Википедија

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Уште следниот ден претседатлот Јосип Броз Тито, го посетува градот и го најавува почетокот на процесот на реконструкција, кој продолжува да се одвива до крајот на 70те години.

Фото: Википедија
Фото: Википедија

Низа сеизмолози, хидролози, урбанисти и архитекти од целиот свет, се здружуваат со заедничка цел за постземјотресната обнова на Скопје. Од овие професионалци ОН ја формира и групата задолжена за изработка на новиот урбанистички план на Скопје. Во неа членуваат тимовите од Југославија, Јапонија, Полска, Грција и Холандија, а за проект менаџер е назначен варшавскиот архитект Адолф Циборовски.

Година дена по катастрофалниот земјотрес, во Скопје пристигнува интернационалниот тим од урбанисти и архитекти, нивна цел е соработка со локалните органи и изготвување на план за обнова на градот.

Експертите успеваат да го завршат новиот план за само 10 месеци, и веќе во 1965-та година тој се усвојува како новиот Генерален урбанистички план на Скопје.

Скопје се снабдува со системи за канализација, водовод, електрика, комуникации и транспорт, кои нè опслужуваат и до ден денес.

Обновата на Скопје целосно се изведува во стилот на модернизмот кој е популарен низ во овој период. Интернационалната помош резултира и во силни влијанија од тековните случувања во архитектурата, кои го адресираат прашањето на модерниот град во 20-от век. Овие светски дискусии завземаат одредени форми посебно во рамки на јавната архитектура во обновениот град.

Во наредната деценија, домашни и странски архитекти, инспирани од модернистичките форми и можностите на армираниот бетон, креираат низа скулпурални проекти. Многу од нив се и главните симболите на модерно Скопје, како монументалните градби на Македонската Опера и Балет, Поштата, Универзитетот, Музејот за Современа Уметност, Градскиот Трговски Центар и низа други.

 

 

 

26 јули 1963 земјотрес Обнова Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.