Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени биле 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19.
48 се реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови и кај сите биле регистрирани коморбидитети, информираат од МЗ.
Регистрирани сe 285 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.