Американската лотарија за Зелена Карта за 2022 година , ги објави бројките за тоа колкумина, од кој регион и од која земја ќе имаат можност да го одживеат ,,Американскиот сон“.
Од Република Северна Македонија, американската лотарија извлекла 293 граѓани. Меѓу земјите од регионот бројките се следни: Србија 243, Албанија 2.756, Босна и Херцеговина 67, Словенија 10, Хрватска 21, Црна Гора 48.
Најмногу,,зелени карти“ во светот освоиле Судан, Русија, Алжир и Узбекистан по 6.001 зелена карта, потоа Иран 5.739, Украина 4.949, Мароко 4.138, Непал 3.802 и Конго 3.347.
Повеќе од 13 милиони луѓе од целиот свет, аплицирале за да добијат легален престој во САД, преку програмата за имигрантски визи или програма попозната како „ Лотарија за Зелена Карта 2022“
,,Извлечените“ во лотаријата се избрани преку компјутерска програма која била распределена меѓу шест геогравски региони.