Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

3,33

26
By Нова ТВ on March 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

На 14 март, дента кога се одвиваше најновата драма во Собранието на РМ, се сетив на еден од познатите говори на Владо Јовановски за време на минатогодишните протести кои завршија со упадот во истото Собрание и кои му заработија на актерот неколкумесечен притвор. Имено, Јовановски зборуваше за тоа дека 33 не е обична бројка, 33 градови протестирале тој ден, 33 години живеел Исус Христос и 33 пршлени имало во ‘рбетот на човекот. Едно заборави да каже Јовановски, а изгледа и многу други тоа го забораваат, дека во 2008 години за неполни 3,33 минути, во истото Собрание, беше донесен првиот Закон кој го уредуваше службената употреба на албанскиот јазик во државава, без присуство на опозицијата, без конструктивна или било каква дебата. Некако сум убедена дека за исто толку минути ќе беше донесен и новиов Закон за употреба на јазиците, доколку на 29 Јануари 2017 година Груевски ќе успееше да го убеди Ахмети околу владината коалиција. Сепак не успеа, и сегашниот пратеник Груевски својот гнев го истури врз Претседателот на Собранието, Џафери, провоцирајќи го неколку пати, како вистинска drama queen, со јасна цел да предизвика инцидент, на што за одговор доби студено игнорирање. Се менуваат времињата, a и најголемите љубови умираат еден ден.

Бидејќи темата околу Законот за јазиците е многу актуелна, слушнав толкување дека ова парламентарно мнозинство немало мандат да донесе таков закон, заради простата причина што сегашниот премиер Заев не предвидел такво нешто во својата предизборна програма за време на парламентарните избори од 11 декември 2016 година. Затоа тој требало да даде оставка и да оди на нови избори со нова програма каде би стоело донесување на таков закон, па ако победи на тие избори, новото парламентарно мнозинство би можело истиот да го донесе. Одлучив да видам во која страна на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2008 година стоеше донесувањето на тој закон од тоа време, не најдов ништо. Не најдов ниту доказ дека пред изборите од 2011 година во програмата на таа пратија стоела амнестијата за Хашките случаи. Па сепак владината коалиција која се гласа од парламентарното мнозинство комбинира изборни програми на коалиционите партнери, во нормални држави и нормални демократии. А во нашата држава пред помалку од една година се случи најгрубиот обид да се спречи мирниот трансфер на власта – сржта на демократијата, а што за жал, од некои искусни познавачи на овие работи намерно се прикажуваше како “филибастеринг” а не како тешко кривично дело против државата и нејзиниот уставен поредок.

Откако драмата во Собрание заврши се појави Иванов кој соопшти дека како Шеф на државата нема намера да го почитува Уставот и да го потпише Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците што е негова должност после повторното гласање на законот во Собрание. Не е ни чудно што Иванов се одлучи на тој чекор, после сите досегашни прекршувања на Уставот. Прво, пред помалку од две години тој ја злоупотреби своето право да даде помилувања, и врз основа на непостоечка законска одредба се обиде да го спречи СЈО како институција на правосудството да гони тешки кривични дела, со што навлезе длабоко во судската власт, иако тој е претставник на извршната власт. Никогаш не одговараше за тоа. Пред една година со одбивањето да го даде мандатот на ново-создаденото парламентарно мнозинство, тој повторно го кршеше уставот со тоа што навлезе во работата на Собранието одредувајќи кои политички субјекти не смеат да коалицираат и зошто. Со недавањето на мандатот тој ја загрози безбедноста на земјата и придонесе истата да дојде до работ на граѓанска војна. Ни за тоа никогаш не одговараше. При ставањето на суспензивно вето на првично изгласаниот Закон за употреба на јазиците (што е негово уставно право) Иванов навлезе длабоко во работата на Уставниот суд, со фактот што тој самиот го прогласи законот за неуставен (што не е негово уставно право туку е ексклузивна надлежност на Уставниот суд). Само во овие случаи Иванов до сега три пати го прекршил уставното начело на поделба на власта од членот 8 на Уставот на РМ и за тоа не носел никаква одговорност. Кога таквото однесување се толерира, јасно е дека истото нема да престане, и заради ова, неговата одлука да не го потпише Указот што претставува негова директна уставна должност, е очекувана. Згора на се, има и одлука на Уставниот суд која јасно одредува дека потпишувањето на указот е само декларативен акт со кој Претседателот нема право да навлезе во легислативната сфера. Очекуван е и фактот што и овој пат нема да носи никаква одговорност за тоа. Во држава во која такви ситуации се толерираат и кривичната одговорност не постои како концепт, тешко дека правото ќе профункционира.

А време е токму правото и правдата да профункционираат. Наместо да градиме херои и антихерои по тоа кој колку мускули покажува за законот за јазици, дајте да се справиме со единствениот службен јазик во Македонија а тоа е говорот на омраза. Да се справиме со проблемите во нашето правосудство што дозволува арогантен осомничен за убиство на мало дете да се пушти на слобода при неправедна преквалификација на делото и притоа да се однесува целосно недолично и провокативно кон семејството на жртвата. Да се справиме со тоа што нашите судови пренесуваат како порака кога одлучуваат затајувањето на нашите пари – даноците, да го казнат условно, или пак кога на лекарот фатен како прима поткуп му дозволуваат непречено да продолжи да ја врши својата професија. Дајте да излеземе од тој 19 век еднаш засекогаш и да престанеме да се плашиме од оваа или онаа етничка заедница туку да се плашиме од криминалот кој се толерира а кој се случува секојдневно против сите нас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.