Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

30.роденден на СДСМ: Заев најави дека промените ќе продолжат на конгресот во мај

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Ја вративме државата на патот на евроинтеграциите. Без да калкулираме со лични и со тесно-партиски интереси, го решивме спорот со Грција. Државата стана членка на НАТО“, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на онлајн прослава за јубилејниот 30.конгрес на СДСМ на кој меѓу другото истакна дека по 11 години во опозиција, од 2006 до 2017 година, социјалдемократите го одбележуваат тридеценискиот јубилеј како владејачка партија.

Заев најави и дека промените ќе продолжат и на конгресот во мај, оценувајќи дека партијата што тој ја предводи е државотворна и дека покажала највисок степен на одговорност во клучни моменти за земјата.

Во своето обраќање, Заев се осврна на, како што рече, рушењето на режимот, потсетувајќи на Шарената револуција и на настаните во парламентот на 27 април 2017 година, по што СДСМ дојде на власт.

– Убедливо победивме на локалните избори во 2017 година. На референдумот во септември 2018 година над 600 илјади граѓани гласаа за продолжување евроатлантската интеграција на државата. Во 2019 година, 29 партии застанаа зад изборот на Стево Пендаровски за претседател на државата. Победивме и на парламентарните избори во 2020 година. СДСМ победува, но и постојано се менува, затоа што статус кво е непријател на прогресот. Ги следиме новите трендови на работа и сме прва партија во државата која организираше непосредни внатрепартиски избори. Промените ќе продолжат и со конгресот што ни претстои. Со нова енергија и нови политики продолжуваме напред, со одговорност државотворност, храброст и посветеност“, истакна Заев.

Од партиското седиште, освен Заев, зборуваше и заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска која рече дека изминатите години покажале што значи да се биде одговорна партија, која ги решава проблемите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.