Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска од следната недела почнување со редовни контакти со медиумите

0
By Ivana on December 9, 2021 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави дека од следната недела отпочнува со редовни контакти со медиумите, не само со брифинзи, туку и со прес – конференции на кои ќе се елаборира што е тоа што се случува во градот.

-Јас со мојот однос мислам дека сум целосно спротивност од она кое што сме го имале во претходното раководство на градот. Планирам да воспоставам еден можеби поинаков начин на соработка и од следната недела па натаму со отпочнување на редовни контакти со медиумите, не само со брифинзи, туку и со прес конференции едноставно ќе се елаборира што е тоа што се случува во градот, истакна Арсовска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Таа додаде дека сака да има одговор на сите прашања кои ги мачат граѓаните, а со еден месец како градоначалник тоа не е можно.

-Отпочнати се процесите за сите работи, не само за проектите кои треба да се реализираат туку и за ревидирање на сето она кое што се случува во градот. Навистина наидуваме на зачудувачки работи и верувам дека за истите низ еден процес кој што ќе биде транспарентен понатаму и ќе биде разоткривани состојбите, рече Арсовска.

Говорејќи за  БРТ превозот, Арсовска рече дека за тоа не постои ниту презентација пред Совет на Град Скопје, а и одлука на Совет на Град Скопје, а тие се претставниците на граѓаните во градот. – Преземале обврска дека ќе потрошат 70 милиони евра, а Советот не донел одлука, изјави градоначалничката на Град Скопје, додавајќи дека ниту скопјани се прашани, ниту запознаени за истото.

Таа додаде дека постојат и ризици од овој проект и граѓаните треба да знаат зошто БРТ не е најдобро решение.

– Ризици се како отстранувањето на средишното зеленило од Партизанска, но поголем ризик е што под тоа зеленило се наоѓа главната водоинсталација за питка вода за Скопје. Дали скопјани биле запознаени дека треба да се гради нов мост кај мостот Обединети нации и истото не вкалкулирано во буџетот од 70 милиони евра и дека новиот мост ќе е сериозна задача од финансиска гледна точка детектирано е, но и од нормалниот живот. И тоа е дополнителен трошок од над 6 милиони евра, вели Арсовска.

Според Арсовска, чесно е да се презентираат овие работи пред скопјани и да одлучат дали е ова добро решение за нив.

– Јас понудив концепт за кој граѓаните се решија, но и споменав референдум. Има многу напади секојдневно и закани, но немам намера да потклекнам пред истите. Референдум е една од опциите кои може да се понудат дали граѓаните сакаат едно или друго решение. Референдумот како опција и треба да се практикува за решенија како што е БРТ кое ќе го оптовари буџетот на државата за 70 милиони евра, нагласи Арсовска.

Во однос на намалување на цената на паркинг, градоначалничката Арсовска рече дека е испратено барање и е отпочната процедурата, за што се чека одлука од управниот одбор на јавно претпријатие Градски паркинг со која што ќе прифати да ги намали цените за паркингот.

-Веќе е отпочната процедурата, дадено е до јавното претпријатие Паркинзи и тие треба да донесат соодветна одлука на нивниот управен одбор. А, понатаму тоа доаѓа до Градот Скопје на прифаќање од страна на Советот, појасни Арсовска и додаде дека ќе има 25 отсто намалување на услугите на градскиот паркинг во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.