Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

31 година од Уставот, неговата правна и политичка флексибилност и помогна на Македонија да расте и да се развива

0
By Соња Крамарска on November 17, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот Устав денес влезе во четвртата деценија од неговото донесување. Три децении највисокиот правен акт ја чува и брани државата, неретко и самиот наоѓајќи се на удар, но успешно пливајќи низ општествените и политичките турбуленции. Неговата правна и политичка флексибилност и помогна на Македонија да расте и да се развива.

Еден од творците на Уставот, универзитетскиот професор Владо Поповски денеска за НоваТВ ексклузивно откри дека Уставот бил пишуван во карабина на Водно.

„Дојде еден ден кај мене Фрчкоски и ми вика ајде да пишуваме Устав. Јас не знаев дека тој претходно бил повикан од Глигоров кој ни ја дал таа задача, и му реков дека пишување Устав не е шега и не може туку-така да си седнеме да пишуваме Устав оти така ни текнало. Но набрзо ми стана јасно дека е тоа по барање на Глигоров и се согласив“.

Местото на кое ја работеле оваа важна државна операција ни најмалку не  е импресивно, Уставот бил пишуван во – карабина на Водно. „Се собравме и работевме тројцата во карабина на Водно, беше покриена, имаше прозорци. Карабината се наоѓаше во дворот на татко му на Лазе Китановски“, се потсетува Поповски.

Така тричлената група професори Владо Камбовски, Љубомир Фрчкоски и Лазар Китановски започнуваат да ја испишуваат историјата на независна Македонија.

„Фрчкоски седеше на подот, а околу него беа расфрлани триесетина устави на разни држави. Се определивме да се раководиме според хрватскиот устав затоа што тој ни изгледаше најблизу до состојбите во Македонија“, вели Поповски за НоваТВ.

„Лазе донесе машина за куцање, тој куцаше ние диктиравме. Лесно се согласувавме околу одредбите, а ако не можевме да се договориме тогаш ги стававме на хартија и двете формулации и низ дискусија ќе се определевме за едната“, ни раскажа тој.

Текстот би готов на 28 април 1991 година. „Го откуцавме и им однесовме по еден примерок на Глигоров и на Андов. Им се допадна и Глигоров по осум дена (на 6 мај) покрена иницијатива и почна процедурата во Уставната комисија“, вели Поповски.

Во јули веќе бил утврден нацртот на Уставот а на 17 ноември веќе беше изгласан со 94 гласа „за“.

Димитар Трпеноски, независен пратеник во првиот парламент, во интервју за СДК по повод 25 години од независноста, раскажа дека во собраниската дебата за донесување на Уставот се проблематизирала единствено преамбулата. „Професорката Гордана Давкова-Силјановска рече дека е граѓански устав, Коле Мангов – дека се работи за модерен Устав. ПДП, партијата на Албанците, даде епитети на првиот Устав. Абдурахман Алити рече дека е „успешен текст на модерен Устав“, пратеникот Насер Зибери имаше забелешка: ‘Устав, кој покрај демократски и модерни принципи има и ретрограден пристап’. Причината беше што во преамбулата стоеше дека Република  Македонија е национална држава на македонскиот народ, и на националните малцинства. Забелешка беше што терминот од поранешниот Устав, народност, беше заменет со малцинство“, изјави тогаш Трпеноски.

Еден од најемотивните денови во македонската постјугословенска историја, денес три децении подоцна веќе не предизвикува никаква јавна реакција, ниту политички оцени за функционалноста на Уставот.

Среде политичката бура за внесување на бугарското малцинство во Уставот, историјатот на неговото донесување се чини како шега. Или можеби затоа што во поновите години чувствителноста на јавноста кон измените на конститутивниот акт е зголемена. Измени на Уставот беа направени и во 1992, 1998, 2001, 2003, 2005, 2009, 2011 и во 2018 година. Најголемите потреси се случија при измените во 2001 година кога беа дадени поголеми права на албанската етничка заедница и во 2018-2019 кога беше внесено новото уставно име на државата, Република Северна Македонија. Веста за измените на Уставот во 2001 година се најде и на ударните страници на светските медиуми затоа што со овој чин беше окончан вооружениот судир. Би-Би-Си напиша дека измените со 15 амандмани ги предложил претседателот Борис Трајковски, со оцена дека со нивното прифаќање е ставен крај на повеќедневниот политички ќорсокак.

„Измените што ги претрпе Уставот формално-правно не се спротивни на духот и на решенијата од 1991 година“, оцени денеска во нашиот разговор професорот Владо Поповски. „На неговата основа се поставија и принципите на Охридскиот договор кои се принципи и на Уставот од 1991 година, а тие се дека Македонија е мултиетничка држава, мултиетничка заедница и мултиетничко општество. Ниту еден од амандманите кои дојдоа подоцна не го нарушија концептот на Уставот, туку нарушувањата се случија на практичен план“, ни изјави Поповски.

Македонскиот Устав има 134 члена  а досега се додадени и 32 амандмани.

С.Крамарска

31 година Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.