Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на Ковид-19.
Регистрирани се 59 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје на 66-годишна возраст. Пациентот починал во болнички услови и имал коморбидитет, информираат од Здравство.
Регистрирани сe 258 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.