Три лица се уапсени а запленети се 330 килограми хероин во вредност од 50 милиони евра во Есен, Германија, соопштија германските полициски сили.
Според истрагата, хероинот бил прошверцуван од Иран во контејнер во кој биле складирани краставици и лук.
Канцеларијата на германската федерална криминалистичка полиција информира дека се сомнева оти за шверцот на хероинот е одговорна сириско-ирачка криминална група, која неколку години е актина на тие простори.
Во врска со овој случај во Германија и во Холандија се уапсени и двајца браќа, кои живеат и работат во Белгија.