Во ГОБ 8 Септември, за само една година биле извршени 36.000 прегледи на ковид позитивни или суспектни пациенти.
Министерот за здравство Беким сали ја посети Градската општа болница „8 Септември“ каде веќе две години, од почетокот на корона пандемијата, се лекуваат пациенти со ковид.
„Од оваа перспектива, може да се каже дека ГОБ „8 Септември“ изминатиот период се соочи со исклучително голем предизвик на кој успешно одговори и со полн капацитет, имајќи предвид дека установата е комплетно опремена и подготвена за вршење целосен дијагностички и терапевтски третман, со најсовремена медицинска опрема и обучен стручен кадар. Во континуитет се зајакнува капацитетот на установата, така на пример, од социо-економскиот грант од Амбасадата на Јапонија во вкупна вредност од 813.000 евра е обезбедена нова медицинска опрема за пост ковид третман на пациенти, а до крајот на годината ќе следи и дополнително зајакнување во овој сегмент“, рече министерот Сали.
36.000 прегледи кај пациенти позитивни на ковид или суспектни на вирусотбиле извршени минатата година во трите инфективни амбуланти и во тријажниот ковид центар во ГОБ 8 Септември.
Во болницата, во изминатиот период биле хоспитализирани 7.000 ковид позитивни пациенти.