Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русите се борат со лопати, како во 19-от век

0
By Xhabir Deralla on March 6, 2023 ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Малая пехотная лопата, МПЛ-50, во превод – мала пешадиска лопата, е креација на данскиот војник Мадс Јохан Бух Линеман во 1869 година. Тој својот изум го патентира во 1870 година. Лопатата се употребувала во армиите на Австрија, Германија, Франција, Романија и Русија (подоцна Советски Сојуз).

Лопатата има вкупна должина од 50 сантиметри и е направена од челик, додека рачката е дрвена. Лопатата е широка 15, а долга 18 сантиметри. Рабовите се изострени, најчесто на едната страна, така што може да служи и како секира. Добро е балансирана, така што може да употреби и како копје. Во 19-от век, иако војувањето забрзано се модернизира, сепак, пешадијата често ја користи оваа лопата, како дополнително средство или како оружје за борба гради в гради.

Главната намена на МПЛ-50 е да му помогнат на војникот да ископа дупка или насип за да се заштити од непријателскиот оган. Зависно од теренските услови и од кондицијата на војникот, пресметано е дека со оваа лопата може да се ископа до половина кубен метар земја за еден час. Но уште на самиот почеток, кога била ставена во употреба во 19 век, таа воедно служи и како оружје за борба гради в гради. Се користи и како тава за готвење, чекан, весло или средство за мерење должина.

Зошто ви пишувам за малата пешадиска лопата од 19-от век? Причината е морничава.

Токму оваа лопата, МПЛ-50, што како помошно средство ја користеле неколку европски армии во 19 век, денес се главното оружје на дел од руските војници во првите редови во борбите во украински Бахмут.

Според разузнавачкиот извештај на британското министерство за одбрана, објавено на 5 март, руските војници, свежо регрутирани за војната против Украина, имаат наредба во борбите да ги користат војничките лопати МПЛ-50. Причината, како што велат Британците, е дека Русија веќе нема доволно муниција да им даде на своите војници.

Во Русија постои мит за овие лопати, дека се посебно смртоносни. Всушност се работи за начин на војување од 19-от век, брутален и крвав, каков што наметнуваат Русите во текот на целото војување против Украина. Според извештајот, руските гуштери (регрути) кажале дека не биле подготвени за овој начин на војување, „ни физички, ни психички“. Затоа и гинат во огромен број, секојдневно.

Едно нешто имаат Русите во изобилство – топовско месо. Ни малку не се загрижени за количествата на месо и коски што ќе ги остават во битката за Бахмут. Луѓето што ги испраќаат на фронтот, за нив немаат вредност. Од војната против Наполеон до Втората светска војна, па сè до денешен ден, руската воена тактика не се променила. Безбројни човечки животи се фрлаат во оган како да се стари партали.

Учесници на Сремскиот фронт во Втората светска војна, сведочат за тоа дека во првите редови на Црвената Армија, во јуриш се испраќале неискусни регрути, недоволно вооружени или дури и без оружје. Тие што немале оружје го земале оружјето од своите паднати соборци. Но тоа не е крај на морбидната тактика. Во вториот ред на фронтот се тие што се задолжени да пукаат во тие од првите редови ако заостанат или ако сакаат да се повлечат. Тоа биле специјалните единици од Народен комесаријат за внатрешни работи на СССР.

Во денешно време, таа улога, по линијата на фронтовите во Украина, ја преземаат злосторничките единици на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Групата Вагнер.

Суровите руски воени стратези знаат дека, на овој начин, можат да го извлечат на површина ѕверското кај своите војници. Соочени со избор, да одат само напред, со минимални шанси да преживеат, тие немаат друг избор, освен да се борат за да преживеат. Во тоа нема никаква храброст или доблест – само примордијален нагон  – да се преживее. Тука исчезнува сè што е човечко.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.