Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

38. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“ низ бројки

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На годинашното 38. Издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ што се одржа од 23 до 30 септември во Битола, организаторите оценија дека имало голема посетеност на проекциите, а традиционално најмногу публика привлече свеченото отворање, годинава со краткиот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, лауреат на Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност и филмот „Насоки“, бугарско – македонска копродукција.

Рекордна посетеност годинава имаа и проекциите на филмовите „Жаба“, „Од ништо“, „За тело и душа“, „Кога денот немаше име“, програмата на Кратки филмови, како и Студентската и Мак поинт програмата.

Иако Фестивалот додели 250 влезници на Општина Битола, помалку публика имаше на свеченоста на затворањето на „Браќа Манаки“, бидејќи како што велат организаторите, многу гости на кои Општината требаше да им ги даде влезниците –  не дојдоа, а вљубениците во филмот од Битола не можеа да дојдат и да ги поздрават лауратите, меѓу кои и Наум Доксевски, Дејан Димески и Милчо Манчевски кои добија награди.

Над 100 филмски наслови – долгометражни, кратки, играни, документарни, студентски, детски филмови беа прикажани во 10 фестивалски програми.

Се одржаа мастер класи на лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело: Џузепе Ротуно и Пјер Лом, кој и покрај возраста беше наш гостин во Битола и говореше за важноста на работата на кинематограферите во филмската уметност.

Најуспешниот македонски режисер, Милчо Манчевски одржа мастер класа за работата  со целокупната филмска екипа, од моментот на појавата на идејата и концептот за одредено филмско остварување, преку претпродукцискиот период, дефинирањето на сценариото, изборот на филмската екипа, снимањето на филмот до постпродукцијата и прикажувањето на филмот.

Во рамки на програмата „Првите филмови први“, реализирана во соработка со Гете Институтот, мастер класа одржа светски познатиот кинематографер Кристијан Бергер.

Во соработка со програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, продуцентката Грациела Билдесхајм (Италија)  имаше предавање посветено на младите продуценти и предизвиците со кои се соочуваат.

И покрај тоа што редовните помагатели на Студентската програма, годинава ја откажаа финансиската помош, Фестивалот свесен за важноста на оваа програма, сепак одлучи со свои средства да ја финансира програмата и таа сепак да се одржи. Публиката имаше можност да види проекции на студентски филмови од 14 академии во регионот, а по секој филм имаше исклучително плодни дискусии кои ги модерираше Ѓорѓи Пулевски.

Годинава беше промовирана и монографијата „Манаки“, која ја приреди Роберт Јанкулоски.

На 38. ИФФК „Браќа Манаки“ беа доделени вкупно 9 награди: две награди Златна камера 300 за животно дело на Џузепе Ротуно и на Пјер Лом. Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на Милчо Манчевски. Наградата „Голема Ѕвезда на македонскиот филм“ на продуцентската куќа Вардар филм за исклучителниот придонес за македонската кинематографија што ја доделува ДФРМ.

И според одлуките на интернационалното жири: Малата камера 300 му припадна на макеоднскиот кинематографер Наум Доксевски за краткиот филм во режија на Горан Столевски, „Види ја ти неа“.Специјално признание на младиот руски кинематографер Данил Фомичев, за филмот „Како Виктор Лукчето го однесе Алексеј пастувот во домот за стари лица“. Бронзената Камера 300 му припадна на Дејан Димески за филмот „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ. Сребрената Камера 300, му припадна на Рајнер Клаусман за филмот „Од ништо“, во режија на Фатих Акин. Златната камера 300 му припадна на Унгарецот Марсел Рев, кинематограферот кој го сними филмот „Месечината на Јупитер“

Годинава, фестивалот одбележа и неколку јубилеи: 100 години од основањето на АРРИ, компанија од индустријата за подвижни слики формирана во Минхен во 1947 година, 90 години од раѓањето на Димитрие-Рули Османли, филмски, театарски и телевизиски режисер од Битола, 70 години од основањето на државна продуцентска куќа „Вардар филм“ и 35 години на ЕФА и  25 години од основањето на европската федерација на кинематографери-ИМАГО.

Во фестивалскиот Прес центар беше организирана изложба – омаж  „Катче на Џузепе Ротуно“ со фото- галерија. А во знак на другите јубилеи – 70 години од основањето на „Вардар филм“ и 65-годиншнината од првиот македонски игран филм „Фросина“, во соработка со Кинотека на Македонија беа организирани изложби на фотографии и плакати.

Беа одржани вкупно 25 прес конференции со учество на повеќе од 50 гости и организатори на фестивалот. На фестивалот се акредитираа 120  домашни новинари, сниматели и фоторепортери, а оваа година имавме и рекорден број на акредитирани странски новинари.

Директорот на Центарот за култура во Битола, Зоран Димовски овозможи една од просториите во Центарот, цела година да биде канцеларија на Фестивалот.

38 издание „Браќа Манаки“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.