Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

4,6 милијарди црни пари излегле од Македонија

0
By Сашка Цветковска on March 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 4,6 милијарди американски долари од 2001 до 2010 година се одлеале преку нелегални трансакции надвор од Македонија, проценува последниот извештај на “Глобал Фајненшл Интергрити”.

Според извештајот кој ги истражува нелегалните одливи на пари од земјите во развој, најголем дел од парите или три милијарди долари се одлеале во 2007, 2008, 2009 и 2010, односно последните четири години опфатени од истражувањето.

Оваа табела го прикажува одливот на пари преку нелегални канали од Македонија во земјите како Маршалски острови, Сејшелски острови, Панама, Кипар, Винсент и Гренадин, Швајцарија и други.

Речиси сите балкански земји се на листата, а Србија е во топ дваесетте земји во светот по трансфер на пари преку нелегални канали. Од оваа соседна земја од 2001 до 2010 се одлеале вкупно 51 милијарда долари. По неа следува Турција со 28, 9 милијарди, Бугарија со 15, 8 и Хрватска со 15, 2 милијарди долари. Најмал одлив има од Албанија или 1, 3 милијарди долари за цела деценија.

Според авторите на ова истражување трендот покажал дека во последните години, односно од 2009 па наваму сумите уште повеќе се зголемуваат.

– Ова има големи последици за економиите во развој. Сиромашните земји изгубиле речиси билион долари што би можеле да се искористат како инвестиции во здравството, образованието и инфраструктурата. Тоа се околу билион долари кои би можеле да се искористат за да се извлечат луѓето надвор од сиромаштијата и да се спасат животи – вели еден од авторите на студијата свестки економски експерти, Сара Фритас. 

Целта на истражувањето е да подигне свеста за одливот на астрономски суми валкани пари од државите во развој во оф-шор земјите и да се поттикнат светските лидери да помогнат во санирањето на штетите од перењето пари.

– Астрономски суми валкани пари продолжуваат да се одлеваат од државите во развој во оф-шор во земјите што се даночен рај и во банките во развиените земји. Без разлика на методологијата, јасно е дека од економиите во развој протекуваат с` повеќе и повеќе пари во време кога и богатите и сиромашните нации се борат да го поттикнат економскиот раст. Извештајот треба да претставува повик за будење до светските лидери дека повеќе треба да се направи за да се санираат овие штетни одливи – вели директорот на ГФИ Рејмонд Бејкер. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.