Министерството за здравство информира дека билансот од последното деноноќие е следен: од 1.365 тестови заразени се 494 луѓе. Според градови сликата е следна: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 494, регистрирани се 105 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 2.309 лица.