Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

500 000 книги од Капиталниот проект завршија во подрум

1
By Нова ТВ on June 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поголем дел од книгите од  „Капиталниот проект за печатење и превод на книги“ завршиле во магацинот на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“. Таму се сместени стотици илјади книги од проектот на претходната Влада кои чинеле вкупно  9 милиони евра. Кога повеќе немало простор во  магацинот на Универзитетската библиотека, книгите се носеле во депоата  на Археолошкиот музеј и во Музејот на револуционерната борба.

Ревизорот утврдил дека во 2017 година, во залиха се 514.494 книги  во вредност од 5 милиони евра.

„Ревизијата не се увери од потребата и националниот интерес за печатење на овие книги од причина што залихата на книги се зголемува со што не е постигната целта истата да стигне до крајниот корисник – читателот“, пишува во Извештајот на Ревизорите за финансиското работење на Министерството за култура за 2016 година, кога на чело беше Елизабета Канческа – Милевска.

Од увидот во документацијата, Ревизорите констатирале дека имало 11 проекти.

„На ревизијата не и беа презентирани документи од кои може да се утврдат критериуми за потребата за реализација на овие 11 проект и начинот на кои истите биле избрани освен заклучоците на Влада врз основа на кои постапувало Министерството за  култура“.

Проектот започнал во февруари 2009 та со „Ѕвезди на светската книжевност“  кога Министерството за култура склучило договори со повеќе издавачки куќи во вкупна вредност од 4 милиони евра за издавање на 429 наслови во 1.000 примероци. Потоа следувал проектот „Врвови на светска филозофија, историја, психологија и психоанализа“, во 2013 година во вредност од 1 700 000 евра – за превод на 336 книги и за печатење, за што се одвоиле дополнителни 500 000 евра. Во март 2015 година започнува „Светско книжевно богатство„ и проектот „Антологија на светска поезија “. Ревизорите утврдиле дека издавачите на книги не ги почитувале овие договори и доцнеле со испорака на книгите, па се склучувале анекси, а Министерството за култура доцнело со исплатата.  Дел од  сметките треба да се платат оваа година кога треба да стигнат и уште нарачани книги.

 

 

Во текот на 2016 година, според Ревизорот биле потрошени повеќе од 13 илјади евра во ресторани без да има покритие за тоа, а била направена и сметка од  35 илјади евра  за угостителски услуги од бифето на Министерството за култура.

Од службената  картичка се плаќало за сместување и на други државни функционери во странство, освен за сопственикот на картичката, иако функционерите подигнале аванс од благајната за таа намена.

Ревизорот утврдува и други нерегуларности во работењето на Министерството за култура.

Театарот во Велес кој започна да се гради во 2008 , се отвори во 2014 година кога се одигра првата претстава. Во 2016 , Ревизорите утврдиле дека „инвестицијата се уште е во тек“. Роковите предвидени во основните договори се пробиени и многу постапки се водат со преговарања за непредвидени работи  спротивно на законски прописи. Театарот започнал да се гради со нецелосна проектна документација кое е на ниво на основен проект без дефинирни изведени работи – а новите проектни документации било невозможно  да се усогласат со основниот проект.

„Премерот во новиот изведен проект  речиси два пати го надминувал обемот на основниот проект – поради ова спроведени се повеке постапки за јавни набавки и постапки за преговарање без оглас што создава ризик од немање конкуренција, транспарентност и еднаков третман на понудувачите“ пишува Ревизорот.

Исто така Ревизорот утврдил и дека бил склучен договор со странски добавувач за светлосна и тонска опрема  во театарот во висина од 600 илјади евра, и ДДВ во висина од 100 илајди евра.

„Бидејќи објектот се гради во Велес, ДДВ треба да биде исплатено на сметка на  буџетот на РМ. Ваквиот начин на работа не е во согласност со Законот за трговски друштва и има за последица неуплатување на ДДВ во буџетот на РМ“, пишува ревизорот и бара да се најде начин да се вратат погрешно уплатените пари.

Без технички прием бил пуштен во употреба и објектот „Стар театар“ и „Музејот на македонската револуционерна борба“ кој беше отворен на 8. септември 2014 година, 9 месеци пред извршениот технички увид.

„Користење на објектите без технички преглед не е во согласност со одредбите од  член 87 од Законот за градење каде  е утврдено дека градбата ќе се стави во употреба по извештајот од технички инжинери, за да не се изложат на безбедносен ризик субјектите кои го користат објектот“, пишува Ревизорот.

За изградба на новата Универзалната сала, ревизорите утврдиле дека е прифатен проект без да се има предвид дека поради типот на објектот,  обликот,  специфичната фасада и предвидените содржини по програмата и идејното решение е неколкупати поскап од првично утврдената вредност и не се реализира.

За Универзалната сала од Буџетот биле исплатени вкупно 600 илјади евра ( од 2011 до 2017) за изработка и ревизија на основни проекти за реконструкција или изградба на нов објект, но тие не биле употребени откако се увидело дека првичната и конечната цена е неколкукратно зголемена.  Првичната проценка била дека објектот ќе чини  10 милиони евра, но по  изборот на најдоброто архитектонско решение во 2015 година и изработката на техничката документација се утврдило дека  новиот објект ќе чини меѓу  60 – 65 милиони евра (поради типот на објектот, специфичната фасада и предвидените содржини).

„Ваквиот начин на работење и повеќекратното менување на проектите кој поради идејното решение е со енормно повисока цена придонесува за несоодветно трошење на средствата. Препораката е Министерството за култура да го респектира стручното мислење во однос на чинењето на таквите објекти како не би се дозволило да се прават штети на буџетските средства, а потоа во зависност од расположливите средтва да се одлучи за проекти според кој би се изведувала градбата“ препорачува Ревизорот.

Доделувањето пари за проекти од национален интерес од областа на културата се вршело без воспоставени критериуми за определување на висината на средствата  и врз основа на просудувањето на членовите на комисијата. Освен што не биле јасно утврдени критериумите ревизорите утврдиле дека за дел од проектите не била доставена „веродостојана документација каде биле потрошени парите“.

Поради сето ова ревизорот воопшто не изразува мислење за реалноста на финансиските извештаи за 2016 и дава неповолно мислење за финансиските трансакции во Министерството за култура.

 

9 милиони евра Груевски Канчевска книги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.