Манила: Бројот на загинати во синоќешниот земјотрес, со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала регистриран во централниот дел на Филипини, се искачи на 69.
Епицентарот на силниот земјотрес бил во морето, во близина на градот Бого во покраината Себу, околу 512 километри јужно од Манила.
Сè уште не е познат бројот на луѓе заробени под урнатите згради, ноќни клубови и други места. Vо спасувачките мисии учествуваат и војниците, полицајците, цивилни доброволци и кучиња трагачи.
Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а разурнати се повеќе згради, меѓу кои и црква стара повеќе од сто години.
Филипинската покраина Цебу е популарна туристичка дестинација, во која живеат околу 4,3 милиони луѓе. Цебу и други покраини во централниот дел на Филипини во петокот беа под налет на тајфунот Буалој, при што загинаа најмалку 27 луѓе