Специјалниот пратеник ќе остане во Македонија два дена, најави Германската амбасада
„Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, амбасадорот Хаiндл одново ќе разговара со партиите, потписнички на договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница“, соопшти Амбасадата.
Не е јасно што ќе биде фокус на неговите разговори со лидерите на партиите.
При последната посета на Скопје, Хајндл изнесе три барања до партиите: да се усогласи датумот за избори, овозможување услови за фер изборен процес, Специјалното јавно обвинителство непречено да работи, како и ставање на земјата на прво место.
Хајндл тогаш порача дека времето истекува:
„Добра вест е дека има излез од оваа криза, а тоа е договорот од Пржино и правилата и принципите наведени во него го покажуваат патот на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес беше закочен, кризата продолжува да и наштетува на земјата и искрено кажано, времето истекува“, изјави Хајндл, по средбите во Скопје.




