Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како се спинува јавниот долг – што е ЕУ, а што Европа

25
By Нова ТВ on July 24, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг под 50 отсто од бруто домашен производ.“

(Извор: Министерство за финансии, Датум: 20.07.2016)

Пишува: Владимир Петрески, анализа на Вистиномер

Во горниот извадок од соопштението на министерството за финансии се соочуваме повторно, по којзнае кој пат, со една стара манипулација за компарирање на нивото на јавниот долг на Македонија со ваквиот долг на други земји. Кога јавниот долг беше понизок од овој што е денес, нашироко се кажуваше како имаме „четврт најмал долг во Европа“ и како сме „ниско задолжена земја.“ Сега, пак, како што јавниот долг се зголемува, се вели „Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа“ и се додава дека сме „умерено задолжена земја“.

Со горниот извадок има редица проблеми. Како прво, ЕУРОСТАТ нема врска со Европа. ЕУРОСТАТ е статистичко биро на Европската унија, а не на Европа. Европа, како што е познато, нема заедничко статистичко биро. Следствено на тоа, Македонија не може да биде меѓу „10-те најмалку задолжени земји во Европа“, „согласно податоците на ЕУРОСТАТ“, зашто ЕУРОСТАТ ниту има, ниту објавува такви податоци.

Тврдење кое може да се каже, а притоа да се употребат податоците на ЕУРОСТАТ во овој контекст, би можело да гласи вака:

Согласно податоците на ЕУРОСТАТ, Македонија е меѓу 10-те најмалку задолжени земји споредено со членките на Европската Унија.

ЕУРОСТАТ во своите калкулации ја вклучува и Норвешка, зашто таа е дел од заедничкиот европски пазар, привилегија за која оваа скандинавска земја плаќа давачки кои служат за негово одржување и функционирање, исто како и земјите членки. Но, во конкретниов случај, Норвешка останува неспомната, зашто така му одговара на министерството за финансии за Македонија да влезе (едвај) меѓу 10-те земји со најнизок јавен долг и тоа на 10-то место.

mmf-wb

Горниот графикон, изработен од податоци на ЕУРОСТАТ го покажува тоа, при што како јавен долг на Македонија е земено нивото од 50% од БДП, за кое се говори и во соопштението на министерството. Арно ама, вака кажан горниот израз егломазен и изнасилен. И нема баш многу смисла. Зошто споредбата за јавниот долг на Македонија со оној на други земји би се однесувала само на земјите членки на Европската унија, како што е „според податоците на ЕУРОСТАТ“?

Па, Македонија не е членка ниту на Европската унија, ниту, пак, на ЕУРОСТАТ. Многу пологично би било да се споредуваме со земјите кои не се членки на Европската унија, исто како што не сме и ние. Така барем има некаква логика. И тие не се членки на ЕУ и ние не сме членки на ЕУ и нормално е со нив да се споредуваме. Се разбира, најдобро е воопшто да не правиме поделба на земјите по тоа дали се или не се членки на ЕУ и да направиме споредба на македонскиот јавен долг со јавниот долг на сите земји на европскиот континент. Како што и е направено на долниот графикон, при што се употребени податоци од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Eurostat

Е, ваква споредба има логика. И, како што се гледа, Македонија е на 23-то место од сите 47 земји на европскиот континент. (Во табелата има 48 ентитети, зашто е вклучена и Европската унија, при што бројката за ЕУ го претставува просечното ниво на јавен долг во Унијата). Значи, кога се прави споредба на нашиот јавен долг со јавниот долг на сите земји од европскиот континент, ние сме во средниот дел од табелата, а кога се прави споредба само со земјите членки на ЕУ, тогаш сме во погорниот дел од табелата, односно на 10-то место од вкупно 28 земји. И затоа на Министерството за финансии повеќе му се допаѓа оваа споредба, при што земјите членки на Унијата и Норвешка ги нарекува Европа. Плус, па и вели дека сме биле меѓу 10-те најмалку задолжени земји во оваа група, што е едвај точно, зашто сме на 10-то место.

Ова покажува дека земјите кои не се членки на ЕУ се помалку задолжени од Македонија и затоа министерството за финансии, на штета на вистината, бега од споредби со нив. Но, тоа не значи, се разбира, дека животот во нив е подобар. Напротив. Земјите членки на ЕУ се високо економски и демократски развиени. Понатаму, тоа што земјите кои не се ЕУ членки се помалку задолжени, не значи дека тие се поскромни и повеќе внимаваат да не се задолжуваат. Причините за нивниот понизок долг можат да бидат бројни и сосема поинакви. Како прво, станува збор за земји главно од поранешниот комунистички блок и поранешниот Советски сојуз, кои на светските пазари на капитал за првпат добија пристап во текот на минатата деценија.

Пред тоа, никој не сакаше да им позајмува пари зашто или беа многу сиромашни или нивниот правен систем не нудеше гаранции дека парите ќе се вратат. Потоа, за нивно задолжување кредиторите бараа и сѐ уште бараат високи камати и тие не беа многу склони да се задолжуваат, а многу од нив и не би можеле многу да се задолжуваат зашто би имале проблеми со враќањето заради својата неразвиеност и заради фактот што голем дел од нивните национални буџети се фиксни трошоци за кои однапред се знае каде треба да се платат, па и немаат многу простор (слободни пари) со кои би плаќале главнина и камати (кај нас во Македонија, на пример, 80% од буџетот однапред е фиксиран за законски обврзувачки плаќања од кои нема бегање). Сѐ се ова причини заради кои овие земји се помалку задолжени и затоа министерството за финансии избегнува да го споредува нашиот јавен долг со нивните, иако тие ни се поблиски по нивото на економски развој. Арно ама, тие се, сепак, дел до Европа и кога министерството за финансии прави компарации на нашиот јавен долг со оној од земјите во Европа, тоа се однесува на сите земји кои се наоѓаат на овој континент.

Дури ни министерството за финансии, кое има моќ да нѐ задолжува со износи како 450 или 500 милиони евра и да управува со буџет од над 3 милијарди евра, не може да брка земји од континентот на кој што се наоѓаат, само за јавниот долг на Македонија да изгледа како да е понизок одошто навистина е.

јавен долг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.