Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

74 години од раѓањето на великанот Петре М. Андреевски

0
By Нова ТВ on June 25, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Денеска се одбележуваат 74 години од раѓањето на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски.

Поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Роден е во 1934 година во с. Слоештица, Демир Хисар. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје.

Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Пишува поезија, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Ги објавил книгите поезија: Јазли (1960), И на небо и на земја (1962), Дениција (1968), Дални наковални (1971), Пофалби и поплаки (1975), Вечна куќа (1987) и Лакримариј (1999), книгите раскази: Седмиот ден (1964), Неверни години (1974) и Сите лица на смртта (1994), романите: Пиреј (1980), Скакулци (1983), Небеска Тимјановна (1988), Последните селани (1987), и Тунел (2002), книгата Драми (1984), во која влегуваат Време за пеење и Богунемили.

Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“ (два пати) „Рациново признание“ и „Стале Попов“ (два пати).

Почина во Скопје, во септември 2006 година.

Пријателите и колеги за Петре М. Андреевски:

Влада Урошевиќ за: Неговото творештво даваше боја на цел еден период во таа историја-тој беше творец кој со страст нурнуваше во слоевите на македонското минато и оттаму извлекуваше митски, магични, чудесни сознанија и пораки. И како поет, и како прозен и драмски автор, тој секогаш беше понесен од идејата да дојде до срцевината на нештата, да ги открие најдлабоките корени, најскапоцените азна што се кријат во темните пештери запечатени од дамнина. Македонскиот рурален и патријархален свет го најде во него својот најнадарен опејувач и толкувач. Тој беше комплетна личност-имаше извонредно чувство за морални вредности, за вистината и за правдината. Македонската култура се додека постои ќе го чува споменот на него.“

Академик Гане Тодоровски: Долги години во македонското литературно многугласје и разногласје, велеше беше водечки и неостварен авторитет. Беше плоден автор и што е она што треба сега да се каже: бевме со него речиси половина век мошне блиски и одржувавме успешно живи обилици на соработка. Се среќевавме до пред некој ден постојано и редовно кај „Јоле“ на богат и разновиден муабет . Си ги одврзувавме по свое јазиците за да ни бидат репликите повистинити и поживотворни.

Академик Матеја Матевски: Со Петре М. Андреевски од нашата средина замина една од врвните личности на нашата литература и крупно име на македонската историска ренесанса. Сето негово творештво е вградено во нив потврдувајќи исклучителна личност на вистинска дарба знаење и умеење во сите области, во сите жанрови на еден изграден и восхитувачи белетристички и публицистички исказ: поезија, расказ, роман, драма, критика и есеистика. Секоја негова книга претставуваше за нас историски настан, празник на богатството и на раскошната убавина на македонскиот јазик, а мотивите со кои е обземено и исполнето неговото дело претставуваат длабоко откривање на македонските и универзалните црнила и надежи и на убавината и трајноста на уметничкиот збор.

Така, неговиот „Пиреј“ и неговатата „Дениција“ станаа синоним на македонското кревање во сферите на големата и возвишена литература. Впрочем се за што се зафати неговото благородно перо, раката и мислата на Петре М. Андреевски зрачеше со човештина и убавина со кои тој зазема една од најдостојните места во нашиот книжевен културен и национален пантеон.

Академик Луан Старова:Петре М. Андреевски е великан не само на својата генерација туку и воопшто во творештво на Балканот и пошироко. Создаде врвно романескно дело осмисли една цела епоха, го димензионира македонскиот идентитет. Ретка книжевна величина која успеа да создаде супериорен свет од клучни ликови во едно време. Создаде дела на еден кристално светол и свет јазик во традицијата што ја означи Блаже Конески со строгиот јасен израз. Може да се рече дека линијата на која се надоврзува Петре М. Андреевски е од светот, од универзумот на Марко Цепенков. Петре остана до крај единствена, комплексна личност. Остана подеднакво успешен и во поезијата и во сеќавање останаа неговите мудри кажувања по различни поводи во МАНУ. Него смртта го затекна и како секретар на Одделението за уметност и овде остана во сеќавање по својот луциден и брилијантен ум. Исчезна физички, но творечки заедно со Живко Чинго преку Слободан Мицковиќ оставија силна трага во македонската литература. Со нив се има чувство дека опфатиле многу поширок континуитет отколку што тоа е временски одредено.

Цитатите се преземни од Утрински весник ( 24.09.2007)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.