Повторно убави вести од дневниот билтен на Министерството за здравство. Во последното деноноќие нема починати пациенти од Ковид 19, а регистрирани се 8 нови случаи. Тројца ново заразени има во Скопје, во Струмица двајца, Куманово, Велес и Кичево по еден.
Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања. Регистрирани се 72 оздравени пациенти од: Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1.
Не се регистрирани нови починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.
Најголем број на активни случаи во моментов има во Скопје – 106.